Почетна Вести Европа Кремљ ја преименува Украинската Православна Црква со ново име
Кремљ ја преименува Украинската Православна Црква со ново име

Кремљ ја преименува Украинската Православна Црква со ново име

505
0

Во официјалното соопштение на Кремљ Украинската Православна Црква (МП) беше наречена со друго име – “Руска православна црква во Украина”.

“Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше во петокот вечерта со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија прашања од внатрешната и надворешната политика, вклучувајќи и ситуацијата околу Руската православна црква во Украина”, соопшти прес-секретарот на државниот глава Дмитриј Песков.

Имаше размена на мислења за состојбата на Руската православна црква во Украина по познатата одлука на Цариградскиот патријарх, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на Кремљ, каде е употребено новото име на УПЦ (МП).

Ако не станува збор за грешка на прес-центарот, тогаш тоа значи дека позицијата на Кремљ се совпаѓа со барањето на украинскиот претседател Порошенко УПЦ (МП) да го смени името во “Руска православна црква во Украина”, за да се разликува од идната автокефална Украинската православна црква.

Ова барање на украинските власти е во согласнот со законот кој бара секоја вероисповед со центар надвор од земјата јасно да го означи тоа во името. Само пред една недела, Митрополитот Иларион (Алфеев) остро ја критикуваше оваа идеја, тврдејќи дека верниците во Украина не се Руси, туку Украинците и тоа име е недозволиво.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *