Почетна Коментар Краси од Белград
Краси од Белград

Краси од Белград

243
0

Откако српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, како адвокат на СПЦ, објасни кој е патот за МПЦ – нормално преку Белград, како и за се друго, нели од Македонија се стасува во светот преку Белград, се јави и „српскиот Каракачанов“, министерот за одбраната, Александар Вулин.

Иако Красимр од Софија е далече по влијателна фигура во политиката од Вулин, сепак чудно, но никој во Македонија не се вузбудува од тоа што тој го кажува.

А, кажа дека „Александар Вучиќ е, мора и треба да биде претседател на сите Срби, каде и да живеат“ и оти тој треба да создава „српски свет“, вклучувајќи ја во тој контекст и Македонија.

За тамошната Прва ТВ, Вулин, онака „европски“, ќе рече дека не се меша во работата на соседите, но како што е редот си праша: „дали е мешање кога, како што рече, „Црна Гора се заканува дека ќе ја забрани Српската православна црква, или кога Северна Македонија прави своја црква на темелите на СПЦ“.

Не! Никакво мешање не е тоа, барем ако се суди според реакциите во македонското општество на овие изјави. Какво мешање во внатрешните работи би било ако еден „министер на војната“ (терминологија од 19 век за министер за одбрана), говори за црковни прашања и српски свет, особено акцентирајќи ги корените како темел на кој се гради сега нешто ново.  Тоа не е никакво мешање, тоа е само превоспитување, во случај да не забега некој по друг пат, кој ем што е калдрма, ем не води никаде. Потстеување за нивно, тоест, наше добро де…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *