Почетна Вести Христијанство Крадци ја оштетиле влезната врата и внатрешноста на манастирот „Св. Богородица“ во кочанско Чифлик
Крадци ја оштетиле влезната врата и внатрешноста на манастирот „Св. Богородица“ во кочанско Чифлик

Крадци ја оштетиле влезната врата и внатрешноста на манастирот „Св. Богородица“ во кочанско Чифлик

84
0

Вандалски чин во текот на ноќните часови се случил во манастирот „Св. Богородица” во кочанското село Чифлик, при што е искршена влезната врата на црковниот објект, но и на помошните простории.

Жители на селото и членови на Црковниот одбор кои утрово дошле кај објектот забележале дека е направена голема материјална штета, а насилниците влегле во внатрешноста и го испревртеле инвентарот и оштетиле дел од иконите на олтарот.

– Изненадени сме од дрскоста со која некој влегол во верскиот објект, при што целосно ја искршил и откорнал металната заштитна врата, ја фрлил на земја, а потоа насилно ја оштетил и дрвената порта. Внатрешноста на манастирот е целосно испревртена, особено околу олтарскиот дел, а забележавме дека физичка сила била користена и при влегувањето во помошните простории околу објектот. Ова се повторува неколку пати, поради што ја поставивме металната врата, но очигледно и тоа не ги спречи крадците. Случајот го пријавивме во полиција и очекуваме откривање на сторителот, истакна Илчо Нисов, член на Црковниот одбор во Чифлик.

По искуството од претходните грабежи, во манастирот не се оставаат пари и други вредни предмети, така што обидот за кражба останал неуспешен, освен што е направена материјална штета.

Од Црковниот одор на Чифлик нагласија дека кражби се забележани и во селската црква „Св. Наум Охридски”, при што наместо ноќе, насилниците дејствувале во текот на денот. Во криминалното однесување не ги спречил ниту поставениот видео надзор околу објектот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *