Почетна Вести Христијанство Ковачевски со честитка за признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија
Ковачевски со честитка за признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија

Ковачевски со честитка за признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија

78
0

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Рим испрати честитка по повод признавање на автокефалноста на Македонската православна црква Охридската Архиепископија.

-Голем е денешниот ден, историски кога ги чествуваме светите браќа Кирил и Методиј да ја добиеме и автокефалноста на нашата држава, како рмноправна со другите и како признание за нејзиното наследство и духвната величина на древната Охридкска Архиепископија и како автентичен дел на македонскиот идентитет, изјави премиерот.

Тој на сите православни христијани во државата им го честиташе овој ден.

-Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква Охридска Архиепископији се стекнува со автокефалност. Ова со векови очекуваната вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската Православна црква. На сите православни христијани им го честитам овој ден, додаде Ковачевски.

/МИА

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *