Почетна Вера МПЦ-ОА Ковачевски: Да ја зајакнеме духовната зрелост и добрата волја за совладување на сите предизвици
Ковачевски: Да ја зајакнеме духовната зрелост и добрата волја за совладување на сите предизвици

Ковачевски: Да ја зајакнеме духовната зрелост и добрата волја за совладување на сите предизвици

92
0

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици до православните верници, светиот Архиjерејски синод,  архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите свештеници и монашки братства.

-Овој празник нè повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан. И оваа година додека сè уште трае пандемијата со КОВИД-19, празникот повикува да ги поминеме во здравје искушенијата на пандемијата.Да се придржуваме до препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно.Секоја година овој празник ни порачува да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, наведува Ковачевски во честитката.

Премиерот Ковачевски  придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски присуствуваше на церемонијата за чествување на Богојавление – Водици, што традиционално се одржа на мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ во Скопје.

– На најсреќниот од верниците кој го извлече крстот од светите води му честиташе со желби за добро здравје и просперитет и му врачи награда, информира владината прес-служба.

Светиот крст што поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан напладне го положи во водите на  Вардар на централната манифестација во Скопје е посветен на сите учесници. Игор Јакимовски беше во групата од 30-ина учесници на церемонијата, кај кој пристигна крстот откако архиепискотот г.г Стефан го положи во водите на Вардар, по претходното осветување на водите. Тие точно напладне во духот на заедништвото држејќи се за рака дозволија еден од името на сите да го фати Светиот крст во осветените води на Вардар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *