Почетна Вести Косовскиот прв муфтија бара од албанските власти одлагање на изборите
Косовскиот прв муфтија бара од албанските власти одлагање на изборите

Косовскиот прв муфтија бара од албанските власти одлагање на изборите

157
0

Претседателот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава побара од албанските власти одлагање на датумот за одржување на парламентарнте избори за најмалку една недела.

Барањето, тој го заснова на фактот што 25 јуни, кога треба да се одржат изборите во Албанија, се совпаѓа со големиот муслимански празник, Рамазан, односно Фитер Бајрам.

– Ги повикувам албанските институции да не ги одржуваат изборите на денот на празнувањето на Бајрам, туку тој ден да го поместат за една недела, изјави Трнава за весникот „Епока е ре“.

Тој посочува дека Косово е единствена земја во која не се одвојуваат средства од државниот буџет за верските заедници.

Трнава во истото интервју тврди дека екстремизмот во Косово го донеле странски организации. Според него, по доаѓањето на разни организации во Косово, дел од младите паднале под влијание на поединци и здруженија, кои дошле и се активни надвор од Исламската заедница.

/АЛСАТМ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *