Почетна Вести Регион Косовски бискуп го спореди Рамуш Харадинај со Исус Христос (ВИДЕО)

Косовски бискуп го спореди Рамуш Харадинај со Исус Христос (ВИДЕО)

510
0

Косовскиот Бискуп, монсињор Дод Ѓерѓи, при осветување на нова црква во Пеќ, Косово, направил споредба на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај со Исус Христос.

– Како правдата е неправедна, е докажано од страна на премиерот. Но, колку е правото подобро од правдата, докажа Христос – рече косовскиот бискуп, Дод Ѓерѓи, јавува Косовапрес.

Тој исто така изјавил дека албанскиот народ има да му даде многу на Господа, како што рекол 300 години заробеништво под Римската империја, 500 години заробеништво под Отоманската империја и 100 години ропство под југословенското кралство.

Инаку, во видеото од говорот кое го објавува Косовапрес, се гледа дека присутен во црквата бил и Рамуш Хардинај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *