Почетна Коментар Конзерватизам и либерализам
Конзерватизам и либерализам

Конзерватизам и либерализам

398
0

Најнапред би кажал нешто околу конзерватизмот, кој повеќето од нас го сфаќаме како чување и одржување на веќе постоечки вредности. Конзерватизмот нема сосема негативно мислење како што денес многумина мислат. Во неговото оригинално значење е главна одлика токму и во Црквата, зашто едно од својствата на Црквата е нејзиното неразгранување во областа на догмите кои се наоѓаат уште во првоначалното Откровение. Тука јасно се мисли на Светите Отци и учители на Црквата, не внеле ништо ново , но само ги дообјаснувале едните исти вистини што постоеле уште од Апостолското време. Од тука сосема природно е ваквото мислење со врска со конзерватизмот и логички и исправно бидејќи ништо Светите Отци не додале, но во разни пригоди најчесто со појавување на ересите се утврдувале коишто одсекогаш постоеле. На пример, Ариевата ерес кога била осудена на Првиот Вселенски Собор и било систематски формулирано дека “Синот Божји е едносуштен на Отецот”. Не значи дека Црквата во своето постоење не го исповедала истото, но со појавата на ваквите спротивни учења на Божјото Откровение го потврдила само истото што од секогаш го живеела.

Наспроти конзерватизмот, либерализмот претставува послободно делување на Црквата. Тука мислиме дека наспроти споменатиот конзерватизам, во врска со догмите, Црквата никогаш  не била изолирана од овој и ваков свет. Бидејќи самата Црква не треба да забораваме дека е од овој свет и плови низ бурната историја. Црквата не треба да се меша можеби во нешта надвор од нејзината надлежност, но кога е прашање и време треба да го подигне својот глас тоа треба и да го стори. Црквата никогаш не постоела и нема да постои како изолирана од светот, зашто се во Црквата е богочовечко, како Богочовекот Христос кој е и глава на Црквата. Но, во ова наше време сведоци сме на еден интензивен стремеж за прифаќање на модерниот либерализам, кој неминовно води кон искривување, ако не и потполно напуштање на христијанските, а со тоа и на традиционалните морални начела.

Секако, меѓу најголемите жртви во сето ова е младиот човек, бидејќи се уште нема изградено или барем нема цврста подлога врз што го брани својот систем на вредности. Честопати се слуша дека Црквата проповеда само досадни морални принципи и жртвување се за возврат да се спаси душата. Небаре самата Црква како да е надвор од историјата и тотално да не се интересира за случувањата во овој свет. Не треба да заборавиме дека Црквата не помалку од останатите идеологии се грижи за човекот. Бидејќи во самото Евангелие Христос Самиот вели “Оти гладен бев и Ми дадовте да јадам, жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте, болен бев и Ме посетивте…”

Црквата никогаш не бара да биде никој надвор од овој свет, бидејќи и за тоа Христос вели “Ете Јас ве праќам како овци меѓу волци, бидете мудри како змии и незлобни како гулаби”. Не треба да заборавиме дека христијанинот е во овој свет, но не е од овој свет. Секој од нас од една страна не треба да се приврзе кон материјалните нешта, односно да прилега на идолопоклонство и да го заборави својот Небесен Отец (како параболата со блудниот син), но од друга страна не треба да ги запоставиме милосрдноста, помошта на немоќните и слично и да го закопаме талантот. Црквата бара од нас синергија. Човекот не може сам да се спаси, но од друга страна она што Бога бара од нас е да ја прифатиме Неговата спасителна рака и да станеме причасници во Неговата Слава.

Либерализмот сфатен како еден вид на слобода или одредени иновации, Црквата не секогаш го осудува. Сето тоа од она што е технолошки унапредено како Смарт телефоните или слично не е самото по себе грев, доколку тоа го ползуваме на исправен начин и кои нашата совест не не осудува и нема ништо против Евангелските заповеди. Мислењето дека религијата го уназадува општеството не е точно, бидејќи модерниот либерализам е оној кој му се наметнува на младиот човек, а од друга страна Црквата е онаа којашто никогаш, никому не му се наметнува со сила. Самиот Христос вели “Ете стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе Гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него и тој со Мене”.  Но повторно како што либерализмот или поточно кажано осправното сваќање на либерализмот и самиот конзерватизам не е нешто што треба да се пренабегне. Основните морални начела се добро познати на секој христијанин, Десетте Божји заповеди-Декалогот, блаженствата искажани од Христос се нешта што не потонуваат во водите на времето и изветвува.

Ќе завршиме со следново, несфатливо е човекот да го гради својот светоглед и начин на живот надвор од Живиот Бог. Од тука сосема е разбирливо дека надвор од Бога нема учење, нема критериум за она што може да се каже е полезно и не е полезно за човекот.

Пишува: Методи Џунов Студент на Правен факултет

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *