Почетна Политичка теологија Конзервативното Кралство Саудсика Арабија ќе им дозволи на жените да одат во војска!
Конзервативното Кралство Саудсика Арабија ќе им дозволи на жените да одат во војска!

Конзервативното Кралство Саудсика Арабија ќе им дозволи на жените да одат во војска!

29
0

Саудиска Арабија од сега ќе им дозволува на жените да се пријават во војска, соопштија од саудиската Дивизија за општа безбедност.

Регрутите ќе мора да исполнат 12 услови за да бидат квалификувани за служба, вклучувајќи го и условот да мора да бидат родени и пораснати во Саудиска Арабија. Исто така, жените ќе мора да бидат не помлади од 25, ниту постари од 34 години, ќе мора да имаат завршено барем средно училиште и ќе мора да минат лекарски преглед.

Жените кои што се омажени за странски државјани, кои што имаат досие или биле вработени во Владини организации, не ги исполнуваат условите за да бидат примени во војска.

Новата иницијатива е додаток на реформската програма наречена „Визија 2023“ која што ја започна саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман за социјално да го реформира ова конзервативно кралство.

Од оваа година на жените во Саудиска Арабија им е дозволено да возат автомобили и повеќе не им е забранет влезот во кино салите или пак во спортските сали и стадиони.

Од канцеларијата на јавниот обвинител на Саудиска Арабија претходно во текот на овој месец беше соопштено дека сега се примаат и жени како истражни службеници, а шеикот Абдулах Ел Мутлаг исто така донел одлука жените да се облекуваат „скромно“, односно да не бидат присилувани да носат облека во јавност која ќе им го прекрива целото тело.

/TOCKA.COM.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *