Почетна Вести Kонзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби
Kонзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Kонзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

286
0

Со грант од Американската амбасада во Македонија ќе се изврши конзервација на мозаикот и мермерните декоративни елементи на крстилницата на Епископската базилика на локалитетот Стоби.

Договорот за грантот кој е во износ од 89.000 долари попладнево на археолошкиот локалитетот Стоби го потпишаа американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

stobi-1Министерката за култура Канческа Милевска ја истакна важноста на археолошкиот локалитет Стоби кој, како што рече, е еден од нашите најзначајни споменици од римската и доцноантичка епоха кој има извонредно зачувани и раскошно украсени јавни и резиденцијални градби.

– Токму затоа во изминатиот период овој локалитет и неговата соодветна заштита и промоција беа приоритети во програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за култура и во таа насока реализиравме бројни активности кои го рехабилитираа ова наше културно богатство… Епископската базилика во Стоби заедно со четирилисната крстилница претставува исклучително културно наследство кое преку зачувуваните архитектонски остатоци, раскошни мозаици и мермерна декоративна пластика нуди драгоцени информации за градителските и уметничките достигнувања на овие наши простори. Мозаикот во крстилницата на Епископската базилика претставува најрепрезентативен и најпрепознатлив симбол на Стоби  и на македонското културно наследство, истакна Канческа Милевска.

stobi-2Американскиот амбасадор Бејли посочи дека ова е трет грант од Амбасадорскиот фонд на САД наменет за локалитетот Стоби  по двата претходни гранта – во 2003 година беше доделен грант од 15.000 долари  за археолошки ископувања, а во 2010 година грант од 72.600 долари за заштита на фреските во Епископската базилика.

– Соединетите Американски Држави се горди на партнерството  што го имаме во Македонија со Министерството за култура, со музеите, Националната установа Стоби и со други институции во заштитата на вредното културно наследство какво што е ова, истакна Бејли, додавајќи дека ги разбираат приоритетите на Министерството за култура и НУ Стоби и е среќен што со овој грант ќе се придонесе за заштита и адекватна презентација на крстилницата во Епископската базилика.

Притоа тој посочи дека од Амбасадорскиот фонд на САД почнувајќи од 2001 година досега се доделени 12 гранта за зачувување конзервација и реставрација на вредни споменици на културата во Македонија спомнувајќи ги Кокино, Златковата кула во Кратово, црквата Богородица Перивлепта во Охрид, Шарената џамија во Тетово итн.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *