Конференција за унапредување на религиската писменост
183
0
На 31.10.2019, се одржа вториот симпозиум од проектот за унапредување на религиската писменост, што канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ за владеење на правото во Југоисточна Европа од Букурешт, Романија го организира во партнерство со Правниот факултет „Јустинијан Први“.
На настанот, кој се одржа во склоп на Денот на Реформацијата, со свои воведни обраќања настапија претставници на Фондацијата „Конрад Аденауер“, на државните институции и на верските заедници, а имаше и предавања на проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и на проф. д-р Александар Спасеновски од правниот факултет Јустинијан Први од Скопје, како и на проф. д-р Сашо Георгиевски од Евангелскиот теолошки институт од Куманово.