Коњановски: Битола ќе добие нова зграда на противпожарната единица — капитален проект вреден милион долари

Date:

Share post:

Територијалната противпожарна единица во Битола, најстарата на Балканот, датира од далечната 1836 година. Како што истакна кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, овој историски факт му дава дополнителна тежина на проектот за изградба на нов современ објект за битолските пожарникари, кој тој го оцени како „вистински капитален проект“.

Screenshot

-Нашите пожарникари, кои секојдневно се на терен во одбрана на општината од пожари, заслужуваат најдобри услови за работа, рече Коњановски, нагласувајќи дека новата зграда ќе биде функционална, модерна и енергетски ефикасна.

Во рамки на првата фаза, со средства од буџетот на Општина Битола во вредност од околу 53 милиони денари, веќе е изградена карабината на објектот, на парцела од 3.300 квадратни метри и со корисна површина од 1.600 квадратни метри.

Втората фаза ќе се реализира преку грант од Министерството за одбрана на САД во вредност од еден милион американски долари. Со овие средства ќе се доуреди и комплетно адаптира зградата, ќе се воспостават современи системи, ќе се уредат приодните улици и инфраструктурата околу објектот.

-Ова е проект за иднината на нашата општина и за безбедноста на сите граѓани на Битола, истакна Коњановски, додавајќи дека на 19 октомври повикува граѓаните да дадат поддршка за континуитетот на започнатите проекти.

ВИДЕОТО може да го погледнете тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...