Почетна Вести Христијанство Комитите коњаници од здружението “Бигорски манастир” со благослов тргнаа за Крушево
Комитите коњаници од здружението “Бигорски манастир” со благослов тргнаа за Крушево

Комитите коњаници од здружението “Бигорски манастир” со благослов тргнаа за Крушево

148
0

Почесните млади комити од здружението „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото топче“ кои вчера, по деветтипат, тргнаа од Зубовце-гостиварско, попладнево по добиениот благослов во Бигорскиот манастир го продолжија патот кон Крушево.

– Како и секоја година, Свештената Бигорска Обител на Чесниот Претеча и овој пат, со благослов на нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, беше домаќин на почесните млади комити од здружението „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото топче“. Младите родољубци изминатата вечер преноќеваа во манастирските конаци, а утрово зедоа молитвено учество на светото богослужение, велат од Бигорскиот манастир.

Посочуваат дека комитите коњаници од Гостивар, Тетово, Кичево и Крушево: Виктор, Стефан, Дарко, Кристијан, Јован, Ѓоко, Миланчо, Владо, Бојан и Крсте добиле благослов од монашкото братство за нивниот поход кон херојскиот град Крушево, каде на 2 август ќе има голема прослава за празникот Илинден.

Пред заминување, додаваат од манастирот, младите комити положија заклетва пред Светото Писмо дека до крај ќе останат верни на македонското ослободително дело.

Коњаницата ќе помине пат од околу 200 километри по кој било пренесено првото црешово топче за илинденските востаници кое било направено токму во Бигорскиот манастир. Ќе ноќева на четири места: во бачилото Салтамица на планината Бистра, и во селата Кнежино, Козица и Цер. На 2 август коњаниците заедно со преостанатите учесници ќе продефилират пред гостите на прославата во Крушево.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *