Почетна Вести Ислам Комисијата за верски заедници со остар демант кон ИВЗ
Комисијата за верски заедници со остар демант кон ИВЗ

Комисијата за верски заедници со остар демант кон ИВЗ

52
0

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во денешното соопштение демантира каква било нивна вмешаност во последните случувања и превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ).

Од Комисијата посочуваат дека при настапот пред медиумите сношти, по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди, како што велат оттаму, беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази.

-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета, стои во соопштението.

Од Комисијата велат дека не се во можност дури ниту да се осврнат и да произнесат став во однос на предметните случувања бидејќи, како што додаваат „не располагаат со соодветни релевантни информации ниту од страна на Судот, ниту од страна на верската заедница. За настанот сме запознаени само преку медиумите“.

Се работи за внатрешни прашања на верската заедница, за кои апелираме да се решаваат со взаемно разбирање, во согласност со позитивно правните прописи и во интерес на верниците, велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по однос на изјавата на Реисул Улема хаџи Сулејман еф. Реџепи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *