
Комисијата за односи со верските заедници доби нов и млад директор
Дарјан Сотировски е новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Тој на денешната владина седница бил избран да раководи со телото кое има обврска да менаџира и да гради поволна клима меѓу црквите, верските заедници и религиозните заедници.
На оваа позиција Сотировски, доаѓа како наследник на Валентина Божиноска, која владата ја разреши во август минатата година.
Сотировски е најмладиот директор досега на оваа Комисија, која има исклучителна важност во градењето меѓуетничка кохезија во општеството. Тој е роден во Тетово во 1992 родина.
Сотировски е претседателот на локалниот клуб на СДММ – Тетово. Дваесет и шест годишниот тетовец е правник и долгогодишен член на СДСМ и е активен во процесот на денационализација на црковниот недвижен имот во Тетово и тетовско.
Во неговата биографија стои и дека по негово залагање веќе неколку години е обновена традицијата да се искажува почит кон ликот и делото на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир, на денот на неговиот помен, како во Тетово така и во с. Лешок.