Почетна Вести „Командант Валтери“: Правдата за смртта на Саздовски бараме да се води до крај
„Командант Валтери“: Правдата за смртта на Саздовски бараме да се води до крај

„Командант Валтери“: Правдата за смртта на Саздовски бараме да се води до крај

214
0

Основачот и претседател на Здружението на ветераните од војната на ОНА, Даим Хисени испрати писмо со сочувство со семејството на Никола Саздовски, кој почина вчера откако брутално беше претепан од три лица.

Свесен дека вашиот син не можеме да го вратиме меѓу своите родители и пријатели, но правдата за неговата смрт бараме да се води до крај, порачува тој.

Хисени, познат како „командант Валтери“ вели дека животот е ист за секого, а детето е нешто најсвето во семејството. „По повод одземениот живот на вашиот син Никола Саздовски, дозволете денеска да ја споделам претрпената болка заедно со вас. Посрамен сум од криминалниот злочин, извршен од страна на хулигани кои припаѓаат на мојот етникум“, додава Хисени.

Според него, погрешната политика во државата со сеење на национална и верска омраза, е една од главните причини чии последици ни ги скршат срцава со губење на животи меѓу младата популација. „Нека мирната душа на Саздо биде јасна порака до сите нас, како во иднина треба да делуваме во семејството, како да ги воспитуваме нашите деца и како треба да се лекува и негува нашето болно општество“, вели Хисени.

Никола Саздовски почина вчера во болница. Тој на 29 минатиот месец околу 17.30 часот беше нападнат во Автокоманда од три лица што излегле од автомобил „мерцедес“. По нападот, лицата избегале, а тој во неконтактибилна состојба бил пренесен на клиника во Скопје. Оттогаш беше во кома. Надлежен јавен обвинител донесе наредба за вршење обдукција за да се утврди од што точно починал.

Полицијата на 2 јули поднесе кривична пријава против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19) за кривично дело „насилство“. Саздовски беше дел од навивачката група „Комити“.

/tocka.com.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *