Колумбија презеде 17 деца во заштита по акција против контроверзна ултраортодоксна еврејска секта

Date:

Share post:

Колумбиските имиграциски власти презеле 17 деца во заштита откако биле извлечени од група поврзана со ултраортодоксната еврејска секта, чии членови во повеќе земји се поврзуваат со случаи на сексуална злоупотреба и киднапирање малолетни лица.

Директорката на националната имиграциска служба, Глорија Есперанса Ариеро, изјавила за Associated Press дека девет возрасни членови на групата се приведени во неделата за време на инспекција во хотел во градот Јарумал, на северозападот на Колумбија. Според неа, најверојатно ќе бидат депортирани, бидејќи против нив нема издадени колумбиски налог за апсење.

Групата од 17 деца и 9 возрасни пристигнала во Колумбија во последната недела од октомври и престојувала во хотел додека барала рурална локација за отворање ново живеалиште во земјата.

Ариеро навела дека за пет од децата постојат „жолти известувања“ на Интерпол – меѓународни сигнали што се издаваат за лица кои се водат како исчезнати или потенцијални жртви на родителско или криминално киднапирање. Тие деца поседуваат американски и гватемалски пасоши.

Локални жители ја известиле полицијата за присуството на групата во Јарумал, по што имиграциските служби реагирале. Институциите оцениле дека интервенцијата се случила навреме: „Позитивно е што стигнавме до децата пред групата да обезбеди приватен имот. Во таков случај би ни бил потребен судски налог.“ Според колумбиските закони, имиграциските инспектори можат да вршат проверки во хотели и да утврдуваат дали странците престојуваат легално или се барани од други држави.

Ова не е првпат секта со сложена правна историја да биде предмет на меѓународни истраги. Минатата година полицијата во Гватемала извршила рација во комплекс на Lev Tahor, каде што во заштита биле одземени земени најмалку 160 деца и 40 жени. Во 2022 година, мексиканските власти уапсиле еден од лидерите на групата, а во 2021 година двајца водачи биле осудени во Њујорк за киднапирање и сексуална експлоатација на деца.

Сектата има членови во Канада, САД, Мексико, Гватемала и Израел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img