Почетна Вести Христијанство Која порака ја праќа Архимандритот на Вселенската патријаршија?
Која порака ја праќа Архимандритот на Вселенската патријаршија?

Која порака ја праќа Архимандритот на Вселенската патријаршија?

423
0

Архимандритот на Вселенската патријаршија од црквата на Крит, Роман Анастасијадис, на својот фејсзбик профил утрово сподели три фотографии од охридското езеро, а во наслов пишува Охрид, на македонски, англиски и на грчки јазик.

Која е целта на споделувањето на овие фотографии и испраќа ли Архимандритот Анастасијадис некаква порака, засега нема одговор.

Сепак, Анастасијадис изминативе денови беше во фокусот на внимание во црковната јавност, откако тој и Вселенскиот патријарх Вартоломеј беа под жесток напад од страна приврзаниците на Врнишковски, кои преку својата фејсбук страница, Соборно Православие, го исмејуваа него и Вселенскиот патријарх поради нивните заложби за решавање на автокефалнит статус на МПЦ-ОА.

Архимандритот Роман неодамна напиша и една анализа во која во насловот на статијата го поставува прашањето дали автокефалноста на Охридската архиепископија е следна за признавање.

Овие фотографии ја отвараат дилемата дали нешто ново се случува на релација МПЦ-ОА – ВСеленска Патријаршија?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *