Која е новата Светителка Стефанида, што МПЦ-ОА ќе ја канонизира?

Date:

Share post:

Синодот на МПЦ-ОА, на последната седница донел одлука за канонизација на преподобната Стефанида Битолска и скадарска.

Станува збор за монахиња која пострадала 1945 година во Битола. На интернет има малку податоци за нејзе. Родена е како Стевка Џурчевиќ во Врака, место кај Скадар Албанија. 1933 година целото нејзино семејство и сите Срби од тој крај се протерани на Косово, кај Дреновац.

Според податоците што ги има собрано поранешниот владика Амфилохије, Стевка никогаш не одела на училиште, а сама научила да пишува и чита, дури и духовна литератуира. Во нив пишува дека по Балканските војни и преселувањето на Срботе од Скадар на Косово, Стевка во Дреновац се посветила на Црквата, а во манастирот Високи Дечани го запознала владиката Николај Велимировиќ.

-Последните четири години од животот (тоа било за време на Втората Светска Војна) ги поминала во Битола, во Македонија, во домот за сираци Богдај, кој го формирал Владиката Николај. Со негов благослов, монахињите предводени од Нада Аџиќ ( во монаштвото Ана) се грижеле за деца сираци. Стевка се замонашила во Битола. Во последното писмо до роднината која се вратила во Скадар, подвижницата се опростила од нив, јавувајќи дека деновите и се одбројани, дека оди кај Оној на кој му го посветила целиот свој живот, пишува Амфилохије. Тој пишува дека монахињата Стефанида, непосредно пред крајот на војната, германски војници жестоко ја претепале бидејќи одбила да го испочитува прописот за замрачување на домовите, односно да ја изгаси големата лампа во келијата, или со завеса да го прекрие прозорецот.

Преспанско-пелагониската епархија соопшти дека канонизацијата и прославата на Светата Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, ќе се изврши на 29 и 30.06.2024 г., во манастирот „Свети Јован Крстител“ во Слепче, и во Соборниот храм „Свети Вмч. Димитриј“ во Битола.

Стефанида била погребана во манастирот Свети Христофор во селотот Крстоар, кај Битола. Преспанско-пелагониската епархија објави дека автентичноста на незините мошти била потврдена со форензичка анализа.

-Светата Архиерејска Литургија со објавување на Одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Света Стефанида во списокот на светите, ќе се служи во Соборниот храм „Свети вмч. Димитриј“ во Битола, со почеток во 09:00 часот. Официјалното Житие, Служби и Акатист на Преподобномаченичката Стефанида Битолско-скадарска, составени се од сестринството на манастирот „Свети Јован Крстител“ во Слепче, а со благослов на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, наскоро ќе бидат објавени, велат од Преспанско-пелагониската православна епархија.

1 COMMENT

  1. Да бидеме разумни
    Жената е Србинка, која имала трагичен и мачен живот, а кој го нема? Мислам колкумина како неа го имале истиот пат, но биле од друга националност, а секако е ерес дури и да се спомне нивното име!? Ова е политика, наметната од сонот за Голема Србија, на кој дел од свештенството сега се оддолжува за лажниот и неважечки томос од Црквата на Србија, која пак мора да се оддолжува на Црквата на РФ, која има само една цел, да најде вакви свештеници, со кои ќе мафта пред Контантинополската Патријаршија. Нема од тоа ништо,само срамота за МПЦ и времено оддалечување од природните процеси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...