Почетна Коментар Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша и нема да промаши
Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша и нема да промаши

Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша и нема да промаши

331
0

„Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил“ (види: Лука 10, 16–21).

Како што ви спомнав на минатиот монашки собир: борбата против апсолутната гордост, против духовите на злото од поднебесјето, се одвива со апсолутно смирение, т.е. со апсолутно послушание. Господ Христос со личен пример ни го покажа и го востанови подвигот на апсолутното послушание: „Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст“ (Филип. 2, 8). Секако, апсолутното послушание не Му беше потребно Нему, туку нам.

Во денешното евангелие Господ ни ја објаснува и светотаинската хиерархиска структура на подвигот на послушанието во Црквата: „Кој ве слуша вас [значи Апостолите или, денес, Епископите], Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној Кој Ме пратил“ (Лука 10, 16).

Но, оваа голема, основна и суштинска тајна на нашиот христијански подвиг не можат сите да ја откријат и познаат: „Во тој момент се возрадува Исус во духот и рече: ’Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од премудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, Оче, зашто таква била волјата Твоја‘“.

Кога говори за премудри и разумни, Богочовекот Христос мисли на оние што го отфрлаат подвигот на послушание и смирение, и се потпираат само на својот разум и човечка мудрост.

А кога говори за простите, мисли на оние кои едноставно, како деца Божји, заради исцеление на својот ум, срце и душа, иако разумни и мудри, стануваат неразумни и немудри, и до моментот на откривање на местото на своето срце пребиваат во подвигот на апсолутно послушание, исполнувајќи ги во пракса, со едноставна вера и доверба во Бог, Христовите зборови: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша“. Само конкретното и апсолутно послушание е подвиг на вистинска аскетска љубов во пракса, без која, пак, не може да се достигне благодатната…

Преку подвигот на целосрдечно послушание се активира примарната функција на умот, која ја привлекува Божјата благодат на нас, а која, од своја страна, ја преобразува енергијата на нашиот ум и ни овозможува духовен разум. Духовниот разум, пак, ни овозможува успешно да ги решаваме проблемите во светот во којшто живееме.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *