Почетна Интервју Кој нема да дојде на Соборот ќе има историска одговорност за својата самоизолација
Кој нема да дојде на Соборот ќе има историска одговорност за својата самоизолација

Кој нема да дојде на Соборот ќе има историска одговорност за својата самоизолација

325
0

Митрополит Месиниjски Хризостом е претседател на канонската и догматска комисија во Светиот Синод на Грчката православна црква и професор по догматска теологија на Богословскиот факултет на Атинскиот универзитет. Во интервју за „двети.бг“, вели дека Соборот на Крит ќе одржи покрај политичките игри што ги тераат дел од православните цркви, мотивирани како што вели тој од Руската православна црква, со цел превласт во Православието.

Грчкиот митрополит оценува дека секоја од црквите која, нема да дојде на соборот, ризикува историска самоизолација.

-Не сметам дека се наоѓаме во ќорсокак, но вистината е дека проблемите се сложени. Се играат лоши игри за превласт – нешто што не би требало да се случува, бидејќи работите се јасни уште од двете последни собранија на Поглаварите на православните цркви и не сметам дека проблемите кои денес се споменуваат се причина за одложувањето на Светиот и Велики Собор, вели во интервјуто за „двери.бг“, Митрополитот Хрисостом.

Во продолжение, целосното интервју:

Верувате ли дека некој сака да ја командува играта во овој момент?

Metropolitan_Chrysostomos_of_MessiniaМИТРОПОЛИТ ХРИЗОСТОМ: Да, верувам дека некои сакаат да ја играат улогата на коорганизатор – за тоа и велам дека станува збор за игри за власт – и да се замавнува со прст кон Вселенската патријаршија, велејќи: Вие не сте оној кој има ја организаторската улога во овој важен момент за свикување на Светиот и Велики собор.

Не знам, а и не е моја работа да коментирам делата на Вселенската Патријаршија и на нејзиниот Св. Синод. Но да се знае: конституирањето на Светиот и Велики собор е решение на сите православни цркви од собранијата на поглаварите од март 2014 и јануари 2016 година. Тогаш поглаварите одлучија и за датумот на соборот, и за тоа на кој начин ќе се остварат состаноците – за тоа како ќе се донесуваат одлуките, и за текстовите имаше прифаќање и одеднаш, две недели пред да се одржи Светиот и Велики Собор, сето тоа се ревидира и преуредува! Како така ?!

Русите сакаат еден предсобор до 10 јуни?

МИТРОПОЛИТ ХРИЗОСТОМ: Она што Русија го нуди, е токму она што таа сака да се направи – да влезе во организациската улога за подготовка на Светиот и Велики собор. Создава криза и вели потоа: дојдете, сега сите заедно да видиме што може да се направи. Значи: вие сами не можете да се справите, но можам јас да ви помогнам. Затоа јас сум другиот пол во Православието. Та зар е можно да создаваме вакви линии на поделба и сфаќања  кои не водат кон поделба. Што ќе направиме ?! Два пола на Православието ли? Спротивно на канонската традиција и на историјата на Православната ни Црква ?! Можно ли е на тоа ниско ниво да работиме ?! Како може од една страна да велиме дека одиме да изразиме единството на Православието и од друга страна да играме игри на власт и црковна дипломатија ?!

Мислите ли дека одбивањето на БПЦ е диктиран од надвор?

МИТРОПОЛИТ ХРИЗОСТОМ: Не можам да ви кажам каква улога избрала да игра секоја црква во оваа игра. Тоа не можам да го знам. Но сум зачуден, се разбира, бидејќи БПЦ секогаш била присутна и учествувала во работите за подготовка на Светиот и Велики собор – во сите предсоборни советувања, потписник е на сите предсоборни решенија и текстови. Неговата Светост Бугарскиот патријарх присуствуваше на сите собранија на поглаварите и ги потпиша сите текстови. Понудени се и промени – нешто што сите цркви го правеле и тие биле внимателно разгледани. И сите дополнителни измени ќе бидат дискутирани на соборот. Ниеден амандман, ниедна измена не се отфрла од соборот, тоа е целта на  неговото свикување: да се разговара за различните сфаќања кои сите ги имаме по некое од прашањата. Ако некоја Црква сака да игра некоја друга улога, не знам. Тоа не е моја работа. Не верувам дека може некоја црква да си дозволи такво нешто.

Руската црква вели дека дури и една Црква да недостасува од Светиот и Велики собор имаме проблем. И додаваат дека проблем имаат црквите во Бугарија, во Србија, Грузија, Грција, Антиохиската патријаршија и др.?

МИТРОПОЛИТ ХРИЗОСТОМ: Да ви кажам само дека нема проблем ниту во Грузиската Црква, ниту во Грчка Црква, ниту во која и да е друга од помесните православни цркви: друго е прашањето, ако имаме различни предлози во врска со содржината на текстовите. И Грузиската Црква има такво прашање, на кое, верувам, ќе се најде најдобар одговор на соборот. Овие прашања ќе се дискутираат. И сметам дека ќе се најде решение. Како и ние, од Грчка православна црква: ние, исто така, имаме измени и напомени кон одредени текстови, но да не се дојде и да не  присуствува некоја црква на Светиот и Велики Собор – тоа веднаш се запишува во нејзината историјата  и таа автоматски се одделува од еденото соборно тело. Таа ќе носи историска одговорност за оваа самоизолација. И второ, ако една црква не учествува во работите на еден собор, тоа не значи дека соборот не може да се оствари. Та на кој Вселенски собор присуствувале сите цркви ?! На кои помесни собори присуствувале сите цркви ?! Никогаш! Зарем тоа значи дека соборот не се остварил? Зарем тоа значи дека одлуките на овој собор подоцна не биле прифатени од сите православни цркви ли?

Можно ли е да пропадне Светиот и Велики собор?

МИТРОПОЛИТ ХРИЗОСТОМ: Верувам дека конечно ќе надвладеат мирот и здравиот разум, и дека се ќе се случи на добро. Православната црква се движи кон Свет и Велики Собор – многу значаен и многу важен. И да ви кажам и уште нешто: постоењето на сите овие проблеми сега, кои денес се создаваат, ќе помогне да се потврди уште еднаш неопходната потреба од овој Свет и Велики Собор. Тоа нека го знаат сите.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *