Почетна Вести Регион Кој го венчаше синот на Цеца?
Кој го венчаше синот на Цеца?

Кој го венчаше синот на Цеца?

540
0

Синот на турбо-фолк пеачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Вељко и неговата вереница Богдана Родиќ својот црковен брак го крунисаа во најголемиот храм на СПЦ Свети Сава на Врачар.

Целиот црковен чин бил организиран до детал, а се било во сјајот на златната боја. Покрај посебните свеќи подготвени за кумовите, младенците вино пиеле од позлатен пехар, а на платното кое се користи за врзување на нивните раце биле златно извезани нивните иницијали.

Вељко и Богдана ги венчал духовникот на Цеца, Владиката Стефан.

-Е мој Вељко, имаш жена Богдана, а кум Хрисо. Тоа е знак од Бога дека ги имаш сите услови да живееш како крал, рекол владиката Стефан на венчавката.

Чинот на венчавање пред храмот Свети Сава го следеле голем број луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *