Почетна Анализа Кој е новиот српски патријарх Порфириј, еден од најмладите поглавари на православни цркви?
Кој е новиот српски патријарх Порфириј, еден од најмладите поглавари на православни цркви?

Кој е новиот српски патријарх Порфириј, еден од најмладите поглавари на православни цркви?

785
0

Новиот српски Патријарх Порфириј е еден од тројцата најмлади поглавари на помесните православни цркви. Роден е на 22 јули 1961 година под световно име Првослав Периќ во Бечеј, блиску до Нови Сад.

Освен Порфириј, помлади од него поглавари на православни цркви се Ростисла, архиепископот на Чешка и Словачка, кој е роден 1978 година и Митрополитот на Украинската православна црква, Епифаниј, роден 1979 година.

Порфириј во својата кариера беше претседател на Совето за радиодифузија во Србија од 2008 до 2014 година.

1986 година завршил Богословски факултет во Белград, а една година претходно во Дечани бил замонашен. Потоа оди на постдипломски студии во Атина, каде се наоѓа се до 1990 година.

Потоа почнува неговата кариера во СПЦ, под благослв и патронат на Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ. На 6 октомври 1990 година заминува во манстирот Ковиљ, каде на 21 ноември 1990 година е ракоположен во чин на јеромонах. По предлог на Иринеј Буловиќ Соборот на СПЦ на 14 мај 1999 година го избира за викарен епископ на Бачката епархија.

Во периодот од 2010 до 2011 биул координатор за соработка на СПЦ со Војската на Србија, или популарно како дел од процесот слично на капеланство.

На 24 мај 2014 година Соборот на СПЦ го избира за Митрополит Загребачко-љубљански.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *