Почетна Политичка теологија Кои права и во кои религии ги има жената?

Кои права и во кои религии ги има жената?

285
0

Положбата на жените во религиите во принцип е во подредена позиција наспроти мажот. Општа перцепција е дека „жената муслиманка“ има најмали права во денешниот современ свет. Таквата слика доаѓа поради нејзината поставеност во државите во кои условно владе Теократија, тоа се претежно муслиманските држави во Азија и во Африка.

За разлика од „муслиманската жена“, жените кои живеат во европските и американските општества имаат сосема поинаква позиционираност. Тоа им го овозможува секуларноста на тие општества.

Но, каква всушност е позиционираноста на жените во религиите?

Ова е еден краток документарен филм, во кој низ призмата на учењето на исламот, е направен еден пресек на позицијата на жената во религиите.

Иако во документарецот има теолошки толкувања само од теолози од Исламот и може на прв поглед да изгледа како едностран, сепак вреди да се погледне внимателно.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *