Црковниот портал на МПЦ-ОА, Литургија.мк се обиде да ја изманипулира јавноста за фактичката состојба во која се наоѓа МПЦ-ОА и две години подоцна откако СПЦ изададе Томос за наводна автокефалност.
Во веста, во која се аналоизираат одлуките на останатите помесни православни цркви, во групата цркви кои го прифаќаат Томосот на СПЦ се наброени и Црквата на Чешка и Словачка, но и Украинската православна црква – Московска Патријаршија.
УПЦ-МП, воопшто не е автокефална црква и таа црква не може да признава друга автокефалност. Обидот за манипулација во непријатност ја става и самата МПЦ-ОА, бидејќи литургија.мк е официјален црковен портал на МПЦ-ОА. УПЦ-МП, неодамна самопрогаси автокефалност и таа автокефалност никој не ја признава. Точно е дека таа црква донесе некаква одлука за признавање на МПЦ-ОА, но таа одлука нема никаква важност. На пример, дали МПЦ-ОА донела одлука за признавање на неканонската автокефалност на УПЦ-МП? Зошто кога веќе литургија.мк ја брои оваа црква во цркви што го прифатиле Томосот на СПЦ, не повика и МПЦ-ОА да ја признае УПЦ-МП, па да видиме потоа со кои и колку цркви МПЦ-ОА ќе го продолжи канонското единство?
Втората манипулација е дека Црквата на Чешка и на Словачка ја признале автокефалноста на МПЦ-ОА. Вистината е сосема поинаква. Оваа црква донесе одлука која се однесува на канонското единство, но во одлуката нема прецизира дали ја прифаќа автокефалноста. Во февруари 2023 донесе одлука во која пишува: „ Светиот Синод ги разгледа и писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за возобновувањето на евхаристиската заедница со епархиите во Северна Македонија, како и писмата на Српскиот Патријарх Порфириј за реинтеграцијата на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на СПЦ и за доделувањето автокефалност на Православната Црква во Северна Македонија со патријаршиски и синодален Томос од 20 мај 2022 година. Овие канонски одлуки на сестринските Православни Цркви беа прифатени со благодарност на Бога за надминување на долгогодишниот раскол, стои во официјалната одлука.
Но, што значеше тоа во пракса стана јасно подоцна од литургиите кои ги служи Архиепископот Ростислав. На нив за време на Големиот Вход, Ростислав не го споменува Архиепископот Стефан, што значи дека за оваа Црква МПЦ-ОА се уште не е официјално автокефална црква.
Литургија на Ростислав од октомври 2023 година.
Во веста на литургија.мк има манипулација и во одлуката на Романската православна црква. Точно е дека таа црква го впиша поглаварот во својот Диптих, но соопшти и дека за конечна автокефалност е потребен Томос од Вселенската патријаршија.
Еве што во февруари мината година соопшти Романската Православна Црква: „Појаснување по однос на одлуката на Светиот Синод на Романската патријаршија да ја признае автокефалијата на Црквата во Северна Македонија. На 9-ти февруари 2023 година, Светиот Синод на Романската православна црква го одобри признавањето на автокефалијата доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година.
За време на синодското заседание, одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година, за востановување на канонското и евхаристиско општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од Архиепископот Стефан, беше земена предвид. Понатаму, Вселенската патријаршија ѝ го довери на Црквата на Србија регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија.
Друга тема што беше земена предвид од романските јерарси беше прашањето на автокефалијата и средствата преку кои се доделува и признава, што беше анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква.
Гледиштето на Романската православна црква по однос на автокефалијата, коешто беше исто така претставено и на Средбата на подготвителниот комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следново: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалија на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од Претстојателот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет Синод. Признавањето на новата автокефалија ѝ припаѓа на целата Православна Црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалијата, потпишан без никаква дистинкција, од сите претстојатели на автокефалните православни цркви, по редот на диптисите, во склоп на Синаксисот на претстојателите на православните цркви“.
Имајќи ја предвид оваа информација, Светиот Синод на Романската православна црква ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристиско општење јерарсите, клириците, монасите и верните под Архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви.
После признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 од Патријаршијата на Србија, кој ѝ доделува автокефалија на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да започне (консултации) и издаде конечен томос за автокефалија за да изрази сеправославен консензус по ова прашање на признавање на автокефалијата.“
Литургија РПЦ. Патријархот Данаил го споменува Сстефан како Архиеоископ на Охрид, Скопје и на Северна Македонија.
Практично само две цркви, Бугарската и Руската го прифатија Томосот на СПЦ и романската делумно. Во продолжение како поглаварите на овие цркви го спомнуваат Архиепископот Стефан.
Ниту еден не ја користи титулата „Охридски и македонски“.
Литургија Порфириј спомнување на Стефан
Литургија Кирил Голем Вход
Литургија покоен Неофит, Голем вход.
Официјално се уште одлуки немаат донесено три православни цркви. Ерусалимската, Александриската и Кипарската. Ако се знае дека Александрија и Кипар ја признаа автокефалноста на Украинската црква, сосоема логично е каков став ќе донесат во однос на МПЦ-ОА.
Ерусалим кој се обидува да балансира меѓу Москва и Фанар, прично за очекување е да нема своја одлука на подолг рок.
Сите останати цркви, практично се изјазнија за прифаќање на канонското единствио со МПЦ-ОА, но штом не го спомнуваат поглаварот на литургиите тие и не ја признаваат автокефалноста како административно управување на МПЦ-ОА, без разлика што некој се обидува да ги дели во два блока.
Тоа се: Црквата на Грција, Црква на Албанија, Црквата на Антиохија, Црквата на Полска, Црквата на Чешка и на Словачка, Црквата на Грузија.

