Почетна Анализа Кога варењето и осветувањето на Светото Миро е духовен развој на црквата?
Кога варењето и осветувањето на Светото Миро е духовен развој на црквата?

Кога варењето и осветувањето на Светото Миро е духовен развој на црквата?

282
0

Миропомазанието е една од седумте свети тајни дадена од самиот Господ Исус Христос на Апостолите. Преку него се изразува благодатта божја врз човекот и неговиот духовен идентитет се зајакнува. Мирото, воедно и лек за телесните рани се состои од повеќе состојки. Бог ја излива својата добрина на луѓето за ослободување на гревовите. Добриот самарјанин го помазува ранетиот патник со елеј и вино давајќу му духовна сила (тајна маслосвет). Светото миро со посебен чин одобрен и признат од светата православна црква го зајакнува човекот во неговата вера, и во даровите на Светиот Дух.

Верувале или не, за подготовка на светото миро потребни се 31 состојка и тоа: 1. Бело вино, 2. Маслиново масло, 3. Розово масло, 4. Корен од перуника, 5. Корен од шумска љубичица, 6. Момина солза, 7. Индиско оревче, 8. Мајчина душица, 9. Миртхае, 10. Мастикис електисими, 11. Бензос, 12. Хербае окими базилики, 13. Радикс зингиберис, 14. Радикс галгангае, 15. Олеум теребинтхи венети, 16. Олеум кинамони, 17. Олеум кариофили, 18. Олеум аурантие кортикум, 19. Олеум лавандуле оптиме, 20. Олеум јунипери бакарис, 21. Олеум антхос росмарини, 22. Олеум баргамоте, 23. Олеум мајоране, 24. Бел темјан, 25. Чист восок, 26. Светена вода, 27. Спирит вини коне, 28. Рузмарин, 29. Измирен темјан, 30. Корен од темјанушка, 31. Лимонов екстракт. Состојките се потопуваат во посебни казани, каде се варат на оган, а добиената смеса се прелева во алавастри кои се осветуваат од страна на свештенството.

Но, духовните лица го поставуваат прашањето: што се случува кога светото миро не се осветува од епископите, или кога овој чин се наметнува од една црква? Тогаш наместо свештенството да има корист од дарот на Светиот Дух, настанува духовен застој, кога оној кој го извршува светиот чин од инструмент на Бога станува инструмент на Сатаната во обид да го контролира своето свештенство.

Секоја автокефална црква по правило сама го извршува светиот чин на мироварение и осветување на светото миро. Тоа е разбирливо од аспект што секој народ е носител на својата сувереност и автокефалност. Случајот со Украинската црква укажа дека печатот за вршењето на светата тајна врз автоќефални основи може да го врши и друга црква, имено Вселенската Патријаршија, што е ново во православниот свет. Зарем светиот чин не е затоа свет? Да стреми кон независно и безусловно практицирање на обредот како темелна човекова карактеристика?  Запазување на оваа прастара традиција во светиот обред е клучно за духовниот живот на секој еден народ и секоја една црква.

Сегашниот чин на варење и осветување е присутен во руската традиција, а истиот детално се опишува и во делата на грчките свештенослужители, како Симеон Солунски. Првиот чин на возобновување  на оваа црковна традиција МПЦ-ОА го изврши во 1971 година веднаш по нејзиното возобновување. Многумина кои се сеќаваат на овој чин зборуваат со највисок пиетет, за настан кој оставил длабоки траги во нивните сеќавања. Во црквата Свети Димитрија во Скопје, на Велики четврток, со ѕвона и песни, архиепископот Доситеј ја изговори свечената молитва Господ Бог да направи духовно помазание и духовно да го збогати нашиот живот во црквата. Со сите почитувања на црковните канони беа исполнети алавастрите од негова страна.

Тогаш и радиото, и печатот и телевизиите пренесуваа за радосната вест која, како што велат, стигнала и до најодалечените места на нашата татковина и ги исполнила срцата на сите православни Македонци. Со посебна одлука од Синодот беше формиран и Одбор за мироварение, чиј претседател беше Митрополит Американско-Канадско-Австралиски г. Кирил. Таа радост што се пренесува надвор од внатрешните граници, кои ние луѓето најчесто си ги поставуваме е најголема радост за духовниот човек, за Црквата. Таа не се изнудува, туку доаѓа природно.

Кога еден свештеник се одѕива на потребите од своите верници за вршење на светите тајни, покајание, помазание, крштевање, тој ја извршува божјата заповед која му е изворно доделена и пренесувана од времето на апостолите до денес. Самото вршење на светите тајни како и чинот на осветување мора да се раководат од спасителовата намера за спас на човекот и грижа за секоја човечка душа. Мора да се раководат од радоста. Тоа е една светлина која го обсипува верникот и која е реминисценција на полагањето на рацете на апостолите. Кога моќта произлегува од народот и неговото право на суштинска вероисповед, тогаш произлегува радоста во Христа.

Зар не е запишано:

Наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сè; туку е под настојници и чувари до определениот рок од татка си. Па така и ние, додека бевме малолетни,бевме поробени од стихиите на светот; но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот, за да ги откупи оние, што се под Закон, та да примиме посиновение.…“ ? (Послание до Галатјаните, 4:1-5)

Пишува: Огнен Коцевски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *