Почетна Вести Кога ќе бидат прогласени тројцата нови светители Јоаникј, Гаврил и Кипријан?
Кога ќе бидат прогласени тројцата нови светители Јоаникј, Гаврил и Кипријан?

Кога ќе бидат прогласени тројцата нови светители Јоаникј, Гаврил и Кипријан?

1.51K
2

Тројца нови светители ќе се вбројат во календарот на Македонската православна црква во јубилејната 50-та година од прогласувањето на нејзината автокефалност. Синодот на МПЦ-ОА, ги утврдил датумите за канонизација на Архимандритот Јоаникиј Ракотински, епископот Гаврил Велички (светогореоц) и на Кипријан Слепченски, пишува Религија.мк.

Првата канонизација ќе се случува во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Демир Хисар на 30 април кога Игуменот Кипријан ќе биде впишан во календарот на МПЦ-ОА. Тоа практично нема да биде класична кнаноизација, туку прифаќање на неговото канонизирање од Бугарската православна црква и впишување во црковниот календар на МПЦ. МПЦ ќе подготви житие и сите пропратни елементи за славењето на светецот, бидејќи БПЦ веќе го има Кипријан Слепченски прогласено за светец.

GAVRIL 3Неполн месец подоцна на 28 мај, Архиереите на МПЦ ќе го прогласат за Светител епископот Гаврил Светогорец.

4А канонизацијата на Јоаникиј Ракотински е предвидена за 24 септември оваа година.

Коментар(2)

  1. Кога свети Кипријан е канонизиран од БПЦ? Дајте да видиме на кој датум го слават, кој му составил служба или кој му насликал икона? Ако сакате да станете сериозен медиум проверувајте ги информациите. Ако, пак, претендирате за место помеѓу жолтиот печат, тогаш само продолжете вака. p.s. На расветлување на ликот и делото и вбројувањето на свети Кипријан Слепченски во диптихот на светителите работам од 2012 г. и да не бев христијанин ќе преземев поинакви мерки за оваа навреда на мојот труд од страна на вашата редакција.

    1. Се слави во рамки на денот на сите бугарски светители во јуни месец… не е ставен како посебен ден од календарот на бугарската православна црква, но е внесен… проверете во книгите на бугарската православна црква за светителите… Ние како редакција ви нудиме опција за васе интервју за се сто сметате за Свети Кирпијан да се објави.. не постои никаква тенденција, едноставно вистина е дека БПЦ го има внесено во редот на свои светители, како и кога не знам.. Поздрав

Напиши одговор на Уредник Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *