Почетна Вести Европа Кипарскиот Синод застана зад Архиепископот Хризостом – Автокефалноста на Украина е реалност
Кипарскиот Синод застана зад Архиепископот Хризостом – Автокефалноста на Украина е реалност

Кипарскиот Синод застана зад Архиепископот Хризостом – Автокефалноста на Украина е реалност

304
0

Светиот синод на Кипарска црква одлучи со мнозинство гласови да ја одобри одлуката на Архиепископ Кипарски Хризостом да го спомне името на Митрополитот на Киев и цела Украина Епифаниј, со што практично ја призна автокефалноста на Украинската црква, која беше доделна од Вселенската патријаршија

Архиепископот на Кипар неодамна изпрати и покана за Митрополитот на Киев официјално да ја посети Кипарската црква штом условите на пандемијата ќе го дозволат тоа.

Во краткото официјално соопштение од Синодот на Кипарската црква стои дека Св. Синод внимателно го испитал украинското црковно прашање и проблемот со споменувањето на Епифаниј за поглавар на украинската црква од страна на Неговиот блаженство архиепископ на Кипар Хризостом и одлучи да не се спротивстави на неговата одлука.

Во исто време, Св. Синодот бара поширока дискусија во која секој може да учествува со цел да се надмине сегашната криза, која со раскол и се заканува на Црквата Христова.

Портпаролот на Синодот, рекол дека за време на состанокот сите имале можност да зборуваат и истакнал дека одлуката на Св. Синодот е обврзувачки за сите владици. Според него, со оваа одлука Св. Синодот смета дека ова прашање е затворено.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *