Почетна Вести Европа Кипарскиот архиепископ – Путин не е христијанин
Кипарскиот архиепископ – Путин не е христијанин

Кипарскиот архиепископ – Путин не е христијанин

336
1

Кипарскиот Архиепископ, Хризостом со жестока критика кон рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата во Украина. Поглаварот на Кипарската православна црква во интервју за национланата телевизија изјавил дека тоа што Путин го прави во Украина нема никаква логика и дека тоа покажува оти тој не е христијанин.

-Ние ја осудуваме инвазијата во Украина. Нама никаква логика во тоа што рускиот претседател го прави во Украина. Ништо не може да го оправда разрушувањето на една држава. Активностите на Владимир Путин покажуваат дека тој не е христијанин, изјавил Хризостом.

Тој потенцира дека сосема јасно станува дека црковниот проблем во Укрина не е црковен, како што се тврдеше, туку исклучително политички.

-И јас се радовам дека тоа стана сосема јасно. Но од друга страна сочувствувам длабоко бидејќи умираат луѓе, вели Кипарскиот Архиепископ.

Хрисозтом оди и подлабоко, посочувајќи дека се сомнева во психичката состојба на рускиот претседател, прашувајќи се дали таков човек воопшто може да води држава со нуклеарно оружје.

Коментар(1)

  1. Нема никаква логика ни во хистеричните изјави на некои православни клирици околу војната во Украина (налик на оваа), ама интернетот трпи се’. Дали е тоа навистина работа на нивата Господова или претставува гола поддршка на јасна политичка кауза е сосем друго прашање. Некој рече ‘Имајте сол во себе. Зашто ако солта го изгуби вкусот тогаш со што ќе се соли?’ За многу години Лазарова сабота! Господ е голем!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *