Решението на Кипарскиот Архиепископ Хризостом II да ја признае автокефалијата на Православната Црква на Украина има сериозни политички последици. Само три митрополити и еден епископ реагираа поради решението на архиепископот, изразувајќи ја својата раздразнетост од фактот, дека архиепископот Хризостом II не го свика Свештениот Синод, пред да преземе такво дејство. Освен трите митрополити и едниот епископ, како што се очекуваше исто така реагираше и Московската Патријаршија.
Црковните кругови изјавија за AlphaNews.live, дека прашање на време е кога ќе биде свикан Свештениот Синод, нагласувајќи, дека и покрај некои реакции, оценката е, дека мнозинството ќе застане на страната на архиепископот по ова прашање. Од таму поставија прашање, што ќе направат трите митрополити (руски агенти – з.ред.), кои денес реагираат, во случај решението за признавање на автокефалијата на Украина да биде потврдено со 8+1 глас од Свештениот Синод.
Реакцијата на Руската Црква беше – предлог архиепископот на Кипар да биде испишан од диптисите на Патријархот Кирил нешто кое ќе биде разгледано следните денови. Тоа значи, дека архиепископот Хризостом II нема да биде спомнуван за време на божествената литургија од руските свештеници (Патријарх Кирил – з.п.)