Почетна Вести КИПАРСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Оние кои го уриваат единството ќе понесат одговорност
КИПАРСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Оние кои го уриваат единството ќе понесат одговорност

КИПАРСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Оние кои го уриваат единството ќе понесат одговорност

445
0

sobor slika grupnaКипарскиот Архиепископ Хризостом повикува на враќање на единството меѓу православните цркви со цел да се спречи поголем раскол во Православната црква.

Поглаварот на Архиепископијата на Кипар, испратил писмо до сите помесни поглавари во кое бара да учествуваат на закажаниот Сеправославне собор, за кој вели дека е место каде треба да се решаваат напластените проблеми. Индиректно пак во тоа писмо Хризостом најавува и одговорност за оние кои го нарушуваат единството на Православната црква.

-Свикувањето на Големиот Собор беше едногласна одлука на поглаварите на Православните Цркви без никакви приговори. Таа реалност го осигурува единството меѓу нас и токму поради тоа сметаме дека секоја друга изјава, или предлог, во последен момент го загрозува тоа единство. Оние кои се соучесници, свесно или несвесно, во спречувањето на тоа единство ќе понесат одговорност.  Ако меѓу нас има постои добра воља и ако сме инспирирани од православниот дух и нашата традиција, секое потенцијално прашање може брзо да се реши, така што на Големиот Собори има доволно време да се разгледаат и билатералните прашања врзани за сестринските цркви. За таа цел, ги повикуваме сите помесни Православни Цркви да учествуваат во работата на Светиот и Голем Собор во духот на љубов, смирение и соборно единство, така што сведок на светот може да биде плодотворноста и ефективноста во Христа Исуса, пишува во писмото до Поглаварите, Кипарскиот Архиепископ Хризостом.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *