Кипарскиот Архиепископ Георгиј, во сослужение на архиереи на Романската православна црква, го спомна Киевскиот митрополит Епифаниј, на литургијата за Свети Димитрија во патријаршискиот храм во Букурешт.
Архиепископот на Кипар и Нова Јустинијана, Георгиј чиноначалствуваше со литиргијата, во сослужение на епископи и свештеници на Романската православна црква и за време на Големиот Вход, спомнувајќи ги поглаварите на автокефалните цркви го спомна и Епифаниј. Архиепископот на МПВ-ОА, Стефан не беше спомнат, ниту пак беше спомнат Онуфриј од УПЦ-МП.
Архиепископот Георгиј пристигна во Романија на покана на Данаил, патријархот на Романската православна црква и официјално учествува на црковните настани во Букурешт. Ова е негова прва официјална посета на Романија како поглавар на Кипарската православна црква. Поглаварот на Кипарската црква ја донесе со себе чесната глава на Свети Лазар Четиридневниот за поклонение на романските верници. Делегацијата на Кипарската црква свечено во Букурешт ја пречека патријархот Даниел заедно со епископи и свештеници на Романската православна црква. Според Патријаршијата, повеќе од 10.000 луѓе дошле на литургијата во саботата наутро.
Денеска Архиепископот Георгиј заедно со патријархот Даниил во Букурешт учествува на канонизацијата на преподобниот Макариј Протопсалт (1763 – 1836), наследник на преподобниот Пајсиј Величковски.

