Почетна Вести Свет Кина се соочува со меѓународен притисок поради т.н. логори за муслимани
Кина се соочува со меѓународен притисок поради т.н. логори за муслимани

Кина се соочува со меѓународен притисок поради т.н. логори за муслимани

106
0

Заменикот министер за надворешни работи на Кина Ле Јученг денеска ја бранеше позицијата на Кина во однос на т.н. Центри за стручно оспособување за муслимани во Ксинџијанг.

Ле ги отфрли обидите за мешање на надворешни фактори во ова прашање од кинеската внатрешна политика. Кина се соочува со осуда од меѓународната јавност поради овие центри , кои активистите ги анрекуваат логори за муслимани.

Пекинг напоменува дека ови мерки се потребни за да се отстрани заканата од исламските милитанти. Ле , кој говореше на оваа тема во Советот за човекови права во Обединетите Нации рече дека антитероритсичката состојба се поправа , а со тоа ќе биде намалена програмата за оспособување , а со тек на време ќе дојде и до затворање на овие центри за муслимани.

,,Без нашите решителни мерки , насилните терористички напади ќе ескалираа во Ксинџијанг , а ќе се проширеа и на други места во Кина и низ светот.” , рече Ле.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *