Почетна Вести Свет Кина ќе ја зајакне контролата врз религијата
Кина ќе ја зајакне контролата врз религијата

Кина ќе ја зајакне контролата врз религијата

33
0

Кинеските власти објавија нови правила за верската слобода во земјата со цел гарантирање на националната безбедност, ограничување на недозволените пракси и спречување на екстремизмот.

Владејачката Кинеска комунистичка партија се обидува да ја спречи појавата на какво и да е организирано движење, кое не е под нејзина контрола. Тоа се однесува и на религијата, вклучувајќи ги и христијанството и муслиманството, кои се подложени на строго набљудување од страна на кинеските власти.

Новите правила поконкретно забрануваат прифаќање подароци од странство и предвидуваат парични казни до 300 илјади јуани (39 илјади евра) за организирање на недозволени настани. Ќе бидат воведени построги правила и за отворање на религиозни училишта.

Некои правила ќе влезат во сила на 1 февруари 2018 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *