Почетна Анализа Ќе има ли крематориум во Македонија? Желби и идеја има, реализација нема

Ќе има ли крематориум во Македонија? Желби и идеја има, реализација нема

1.26K
0

Има ли Македонија потреба од алтеранитвен начин на погребување? Иако неколку пати најавуван, проектот за изградба на крематориум никако да се реализира. Недостатокот од гробни места кои и онака зафаќаат плодно земјоделско земјиште, но и законската легислатива, се уште не се доволна причина надлежните сериозно да размислуваат за оваа опција.

По пат на кремирање, во земјава се упокојуваат двајца до тројца годишно. Станува збор за лица чии роднини се обратиле до “Бутел”, кремирањето да се организира во Белград. Од погребалното претпријатие велат дека мал е бројот на заинтересирани лица кои се јавуваат за кремирање на починато лице.

Идејата за изградба на крематориум е поткрепена и со законска основа. Од погребалното претпријатие Бутел велат дека тој е предвиден со Законот за гробишта и погребални услуги, како придружен објект на гробиштата.

“Со законот е регулирано дека посмртните останки на умреното лице може да се кремираат само ако за време на живот оставил заврен писмен документ или ако така налагаат здравствено санитарните прописи. Кремирањето се врши на гробишта а начинот на кремирање го пропишува министерот за транспорт и врски. Во 2009 год. министерот за транспорт и врски во согласност со министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно планирање, донеле Правилник за нормативи и технички стандарди и здраврствено санитарни услови за изградба и реконструкција на гробиштата, на придружните објекти, и на инфраструктурата, со кои прецизно се регулира материјата за крематориум”

Од Министерството за транспорт и врски се уште немаат јасна престава околу овој проект.

Изградбата на крематориум најмногу ги засега црквата и верските заедници, бидејќи чинот е неприфатлив за православното верско учење.

Граѓаните, пак, покажуваат отвореност за идејата. Велат дека постојат повеќе причини за овој алтернативен начин на погребување.

Од погребално Бутел додаваат дека доколку постои поголем интерес од надлежните институции и верските заедници, дури тогаш би можело да се пристапи кон отварање на процес за изградба на крематориум.

Во регионот, најмногу кремации се извршуваат во Словенија. 83% од починатите се упокојуваат на овој начин, додека во Хрватска секој втор се одлучува за кремација.

Од православните земји, во Србија процентот на кремирани достигнува 18 отсто, додека Грција, и покрај силното противење на црквата, минатиот месец го доби својот прв крематориум.

/Sitel

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *