Почетна Коментар Ќе бидеме црква за пример, или и ние ќе учествуваме во понижувањето на овој страдале народ
Ќе бидеме црква за пример, или и ние ќе учествуваме во понижувањето на овој страдале народ

Ќе бидеме црква за пример, или и ние ќе учествуваме во понижувањето на овој страдале народ

609
0

По повод 24 мај и некои актуелни прашања со братска љубов и солидарност меѓу православните и особено меѓу словенските народи

Возљубени во Господ браќа и сестри,

Секоја година на 24-ти мај упатуваме пофалби кон Светите браќа Кирил и Методиј и кон нивните ученици, бугарските првоучители и просветители светите Климент, Наум, Горазд, Сава и Ангелариј.

Секоја година од медиумски и други трибини не обвивале со словославие и венцехваленија кон овие светилници на Православната Црква за тоа што му дале на бугарскиот народ, а преку него и на сите словенски православни народи “четмо и писмо”. Само тука-таму во јавните говори се споменува дека Светите Седмочисленици ја создале азбуката, не за да со неа пишува кој што ќе му текне, туку за да можат словенските народи да го прочитаат и разберат на сопствениот јазик Словото Божјо!

Словенската азбука е измислена за да можат словенските народи да го прочитаат, да го разберат и да се проникне во значењето на евангелските текстови. За да ги научат и разберат актите, жртвата и подвигот на Исус Христос. Да му се молат со молитва со зборови чие значење тие го сфаќаат. Да станат едно со Христа, да ја примат во душите и срцата Неговата Безизмерна љубов кон луѓето и да ја прифатат како свој долг, да ја исповедаат, следат и да ја практикуваат оваа Христова љубов во сите свои секојдневни дела и постапки.

Затоа е изнајдена словенската писменост, затоа се преведени Евангелијата и богослужбените книги во Преслав и Охрид, затоа тргнале монасите од овие места со торби полни со книги, во насоки кон Запад, Север и Североисток. Не само да си пишуваме на кирилица, туку да ја научаме љубов. Онаа љубов, која е вистинско поврзување меѓу браќата, која ни овозможува да се разбереме со другиот, да ги споделуваме неговите тегоби и проблеми, да се радваме со неговите радости и која, во крајна линија ја гради Христовата Црква и на која се крепи православната солидарност.

Во последниве месеци, многу од моите епархиски верници ме прашуваат што се случи со христијанската православна солидарност, што се случи со братската љубов? Тие тоа го прашуваат затоа што слушаат за некои континуирани расправии во заедницата на православни христијани надвор од западните граници на бугарската епархија, слушаат страшни зборови како “канонско провинение”, “колективно прегрешение”, па дури “раскол” и “национално предавство”.

Слушаат дека наши браќа и сестри, православни христијани, со кои пишуваме и читаме со исти букви, со децении се исклучени од општењето со помесните Цркви – членови на Едната, Света, Вселенска и Апостолска Православна Црква и сега вијат и со солзи во очите бара да бидат доведени во православното семејство. Моите епархјани ме прашуваат зошто овие наши браќа и сестри не се прифаќаат? Дали станува збор за доминација, прикажување на сила, задржување на “освоените територии”? Дали е ова колонизација? Зарем не зборуваме за човечки души? Души на нашите браќа и сестри во Христа.

Се прашувам и јас како е можно во текот на десетици и десетици години, православни христијани отаде Деве Баир, да бидат третирани како шизматици, нивните свештеници да не можат да сослужуваат со свештениците на другите православни цркви, да се плашиме од контактот едни со други во Светата литургија? Не, тоа не била идејата на Светите браќа Кирил и Методиј, кога ни ја давале азбука, преку која треба да го разбираме Словото Божјо и да се разбираме едни со други.

Се разбира, тоа не беше нивната идеја, секако, зборувам за православните христијани во соседна Македонија.

Многу зборови се изнакажаа неодамна, Светите Синоди на речиси сите помесни цркви се занимаваа и се занимаваат со проблемот. И нема излез. Напротив, ситуацијата се чини дека е покомплицирана. Обемни писма напишани со едни исти букви, и ниедно решение не се гледа. Како да навистина непријателот на Христа, кој е непријател и на Неговата Црква, да си поставил за цел да ја разбие православната заедница, а особено љубовта и солидарноста меѓу словенските православни народи.

Погледнете што се случило! Две институционализирани православни цркви функционираат денес во македонските земји. Едната – Македонската православна црква – Охридска архиепископија и призната од секуларната Влада на Република Македонија, но не е призната од помесните православни цркви. Другата, себе си се нарекла Православна охридска архиепископија, била забранувана и прогонувана од македонските световни власти, но е канонско призната од помесните Српска Православна Црква, со тоа име. Таа е призната и од Бугарската православна црква, како митрополити членови на нашиот Свети Синод сослужувавме Света Литургија со архиепископот Јован Вранишковски.

Пред само неколку месеци, Европскиот суд за човекови права ја казни македонската држава поради одбивањето да ја регистрира, а на тој начин и да и оневозможи на српската Охридска архиепископија на Јован Вранишковски да ја извршува својата мисија.

Од ова се чини дека нема проблем. Сепак, постои проблем. Бидејќи епископатите и православните христијани во Македонија не ја почитуваат канонската автономна српска Охридска Архиепископија. Народот на Македонија не го почитува српскиот Архиепископ Јован Вранишковски, иако е канонски, истовремено почитувајќи ги другите епископи кои се исклучени од канонско единство. Признавањето од БПЦ на Охридската архиепископија не да им помогна на верниците на Македонија да го признаат и почитуваат Јован Вранишковски за свој архиепископ. Се сомневам, дека пресудата на Европскиот суд за човекови права, исто така, ќе ги направи свесни за тоа. Напротив, ова решение создава уште поголем проблем, бидејќи секој православен човек знае дека црковните спорови треба да се решаваат внатре во црквата и никогаш не треба да се прибегнуваат кон светувниот суд!

Кој посегнува по световниот суд, за да се постигне праведност во црквата, покажува дека тој не верува во љубовта кон Црквата, што го отежнува добивањето на љубовта кон народот.

Со сила љубов и почит во Црквата не можат да се добијат, а уште помалку по наредба од световниот суд, макар тој бил тој и европски.

Во моментов ние, Бугарската Православна Црква, трпиме критики од многу земји. На пример, зошто сме посветени на македонското црковно прашање? Ние сме ангажирани затоа што бевме ангажирани.  Не може да се отфрла подадената рака за помош. Не може безнадежно да се гледа како православни христијани страдаат во период од повеќе од педесет години, а да не ви затрепери срцето. Нечовечки е.

Од друга страна трпиме критики зошто не се ангажираме доволно, на пример да ја признаеме еднострано автокефалноста на МПЦ? Тие кои не критикуваат, знаат, дека тоа така не бидува. Знаат дека Едната, Света Вселенска и Апостолска црква не е човечка творба и дека во нејзе има воспоставено ред од Бога. Брагодарение на кој Црквата е подолговечна од сите световни држави. Ја имало и пред нас, ќе ја има после нас, до крајот на времето. Вистинското решение не е такво, за какво некој посакува да биде, без разлика дали е тој општествена група за притисок, светски политички фактор или дури и поедина помесна православна црква. Туку такво какво што Бог сака.

Нашата работа е да си спомнеме како Бог посакува да се постапува во вакви ситуации. Чудна е Божјата промисла. Зошто токму земјите на Свети Климент и Свети Наум се претворија во поле на црковни раздори и во камен на сопнување и тестирање на верата на секој еден од нас? Дали не е точна ова промисла? Да биде испитана нашата вера? Во случајот верата се испитува преку едно прашање кон сите помесни православни цркви: Дали тие се во состојба да покажат братска љубов кон страдалниците и солидарност помеѓу себе, или не се?

И едно друго прашање, специјално кон Бугарската православна црква: Ќе учествуваме ли и ние во бескрајното понижување на овој страдален народ, или ќе бидеме Црква за пример?

Возљубени во Господа браќа и сестри,

Во месец јули 2010 година во Пловдив на посета беше неговата Светост Вселенскиот Патријарх и Архиепископ на Константинопол – Новиот Рим, Вартоломеј. Ми остави впечаток тоа што во разговорите и во официјалното обраќање тој Бугарската Православна Црква изрично ја нарекуваше „првородената ќерка на мајката црква- Константинополската патријаршија“ .

Тоа признание на БПЦ како првородена ќерка на Константинополскиот престол, Неговата Светост Вартоломеј го користеше и при сите други средби во Бугарија. Откако тој тоа го кажува, ниту ние, ниту некоја друга помесна црква има право да се сомнева во неговите зборови. Сите помесни православни цркви во словенската страна се ќерки на Константинополската црква.

Мајка Црква е Константинополската, првородена ќерка и е Бугарската, останатите помесни цркви се помлади. Нашето провордство не ни дава право да објавуваме автокефалии или самостојно да разрешуваме спорови настанати во коските на други братски помесни православна цркви. Но се надевам дека тоа провородство ни дава секако морално право да посветиме внимание на своите помлади сестри цркви врз основа на некои приципиелни односи.

Прво, сите спорови внатре во црквата се решаваат внтаре во нејзе, не може да се оставаат за решавање на политичари и во никаков случај не може да се решаваат од граѓански, светски судилишта, кои можат да имаат погледи и цели, но не е задолжително дека ќе се ориентираат кон доброто на Црквата и спасението на душите, туку напротив, да внесат уште поголеми раздори.

Второ, ако не може да биде постигната согласност на местото каде е настаната расправијата, тогаш страните по своја иницијатива треба да се обратат до Константинополскиот патријаршиски престол, во улога на виш арбитер, посочен како таков од Светите оци на Вселенските собори.

Српската Православна црква е свесна за оваа состојба. Епископите од македонската диоцеза исто. БПЦ доби молба за помош од една од страните. Дадовме доволно знаци дека ја разбираме молбата. Дојде време јасно да се каже, суштинската помош која што БПЦ може да ја даде се состои во една препорака: Ако сметаат дека веќе е неопходно, тогаш да се обратат до Константинополскиот престол  и да замолат за постапување по древните канонски процедури за решавање на спорови.

Трето, канонските правила се добро познати на сите и содржат рецепти за однесување во сите ситуации, особено во оваа, а вдахновени од Светиот Дух правилата се фер.

Четврто, немаме сомнение дека Неговата Светост, Вселенскиот Патријарх и Архиепископ на Константинопол – Новиот Рим точно ќе ги постави правилата.

И петто, како на прво место, поставувањето на правилата треба да послужи, за да биде изразена братската љубов кон православните христијани по долината на Вардар. За спасението на нивните души треба да се мисли и за ништо друго.

Сигурен сум дека Вселенскиот Патријарх, меѓу другото потпирајќи се на складираните во Константинопол документи, би дошол до вистински одговор на прашањето за статусот и хиереахијата на Охридската Архиепископоија и би помогнал во отстранувањето на тој камен на сопнување во идните дискусии, без да се создаваат дополнителни непотребни мешања на штета на братската љубов меѓу православните словени за чиј однос кон православната вера и нивното единство во нашата заедничка Света Православна Црква, светите претходници се почестени со светост.

На тие кои одново ќе побразаат да не обвинат за „национално предвство“ ќе им кажам дека Бог на БПЦ и обезбедува една исклучителна шанса – да биде за пример. Кој сака да биде почитуван, треба да го запазува законот! Само ако стриктно се придржуваме до каноните на Светата црква, ќе докажеме дека имаме полно право да ја носиме титулатат „првореодена ќерка“ и ќе го имаме правото да очекуваме дека и останатите ќе го почитуваат. На тој начин го зајакнавме православието во земјите кои се една од лулките на бугарската и словенска христијанска просвета, на која сите ние, и го должиме се она што го имаме. И ќе им се оддолжиме на Светите браќа, словенски првоучители и првопросветители Кирил и Методиј и нивните ученици, кои на словенскиот свет му ја да дадоа светлината на православното Слово Божјо.

Со Божја љубов ќе го преодолееме и тој предизвик за да по не многу време се сретнеме со сите наши браќа и сестри од македонската диоцеза на Едната Света Вселенска и Апостолска црква, обединети во Христа и сврзани од неговата љубов.

Сигурен сум дека ако сите се одречат од гордоста, амбициите и политичките размислувања, по призивот на помош од Христовата љубов, тогаш Бог без сомнение ќе се отповика на нашите молитви и молитвите на страдалниот македонски православен народ и ќе помогне неговата агонија да биде прекината. За вистинска чест и слава на Светата Православна црква.

Посочувам дека се ова досега кажано до овде е мое мислење, ги повикувам над сите вас Божјиот благослов. За вечна чест и прослава на Светата Единосушна и Живототворна неразделна Тројца, Отецот и Синот и Светиот Дух и за доброто на Светата Православна црква.

Пишува: Пловдиски Митрополит Николај (БПЦ)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *