Почетна Вести Ислам Казни за директорката и за училиштето во Радовиш каде што оџа држеше верски обред
Казни за директорката и за училиштето во Радовиш каде што оџа држеше верски обред

Казни за директорката и за училиштето во Радовиш каде што оџа држеше верски обред

34
0

Државниот просветен инспекторат им изрече казни на директорката и на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш откако минатата недела била организирана ифтарска вечера по повод Рамазан, а локален исламски свештеник вршел верски обред.

Училиштето ќе треба да плати 1 600 евра казна, додека  директорката Олгица Стојанова е казнета со 1 120 евра.

Инспекторите влегоа во училиштето откако во јавноста излезе видео од обредот кое наиде на остри критики на социјалните мрежи поради нарушување на начелото на секуларност во училиштата. Од Инспекторатот е најавено дека ќе биде поднесено барање до општинските власти во Радовиш за разрешување на директорката, затоа што спротивно на законот дозволила верско организирање во училиште.

/макфакс

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *