Почетна На иста страна Католиците од Нова Маала на ифтар со соседите муслимани
Католиците од Нова Маала на ифтар со соседите муслимани

Католиците од Нова Маала на ифтар со соседите муслимани

73
0

Верници од парохијата на Католичката црква  „Успение на Пресвета Богородица“ од Нова Маала, предводени од парохот отец Спасо Ристов, на покана од месниот имам Сејкан Ајтен, присуствуваа на ифтар во месната џамија.

Оваа ифтар вечера е дел од традицијата на собирање за време муслиманскиот празник Рамазан, која верници од муслиманска вероисповед според нивните обичаи, ја спремаат и ја делат помеѓу нив како и со блиските околу нив, според зборовите на имамот Сејкан, во овој случај и со христијаните, кои се од истото населено место.

Парохот о. Спасо Ристов им се заблагодарил за поканата, за срдечниот пречек и посочил дека и понатаму треба да живееме во разбирање. Посакувајќи им лесен пост на присутните им поклонил Библија.

/католици.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *