Почетна Празници Католиците го слават Свети Тома
Католиците го слават Свети Тома

Католиците го слават Свети Тома

62
0

Верски календар: 29 Декември

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Тома Бекет.

sveti-toma-baПред да стане бискуп на Англија, бил канцелар на англискиот крал, послушен дворјанин и приврзаник на кралскиот апсолутизам. Откако станал надбискуп во 1162 година, се борел за правата на црквата против кралското мешање во нејзиното подрачје. Тој сметал дека, како надбискуп на Англија мора да ги застапува интересите на црквата, а не повисоките интереси на кралот, кој го застапувал додека бил негов канцелар. Затоа, дошло до конфликт меѓу него и кралот Хенри Втори, што придонело Тома Бекет во 1170 година, да го убијат приврзаниците на кралот. Поради тоа, народот многу му се разбеснил на кралот, кој за да го ублажи бесот сам одел на гробот на Тома Бекет и се подвргнал на казната за јавно камшикување.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *