Верски календар: 09 Ноември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Спомен за црквата Св. Иван Латерански.
Овој ден е посветен на Црквата Свети Иван Латерански во Рим, која ја изградил царот Константин, откако им дал слобода на христијаните. Христијаните во тоа време немале цркви и молитви ги одржувале во приватни куќи и катакомби. Како прва христијанска црква, наречена е “Мајка на сите цркви во светот”. Славењето на богословот на таа црква ги потикнува луѓето да ги чуваат душите од грев, бидејќи душите се цркви во кои живее Господ.

