Почетна Политичка теологија Католичките расколи, по големиот раскол на Црквата
Католичките расколи, по големиот раскол на Црквата

Католичките расколи, по големиот раскол на Црквата

797
0

Пишува: м-р. Јане Трпковски, социолог-аналитичар

Денес, од вкупното светско население приближно 1/7 се католици. Односно, по региони (секако-нееднакво застапени), католиците се населени во Европа (најзастапени во западно-Европските земји), во САД (21.0%), живеат и во Австралија и лат. Америка, има и во Азија и Африка.

Интересен е податокот дека Римокатоличката црква во Рим е градена приближно 100 години. На нејзиното издигање работеле 10 архитекти, меѓу кои и Микеланџело (ја формирал куполата).

Католичката црква (еcclesia catholica), генерално, е наднационална  и централизирана. Во политички контекст, развојот  на нејзината автономија не датира од современите промени со Вториот ватикански собор 1963–65 година Односно, барем  актуелноста не се врзува единствено за соработката на црвата во надминување на политичките, економските и културните предизвици–(II ватикански концил, во кој се прокламира Одбраната на мирот, на чело со Јован Павле II).

Имено, како што впрочем е општо познато, централен настан е големата шизма, кога од службена религија во западно-христијанските држави (oд миланскиот едикт 313.), добива статус државна конфесија во католичките цркви (со поделбата на западно и источно римско царство во 1054 година).

Конкретно, транзитното доба во италијанската ренесанса се карактеризра со изразена трихотомна поларизација на граѓаните по сталешка линија и оттука поврзано, со промена на механизмите за напреднување низ овој политичко–економски систем, темелен на религиски правила и прописи.

Илустративно, промената опфаќа пад на имунитетот на аристократското благородништво, под влијание на социјалните движења за реформи од страна на плебсот и неговите аспирации од закрепостен сталеж да премине во моќна трговска класа. Тоа е и периодот во кој се интензивира процесот на секуларизација, што значи општествениот живот не е примарно одреден од религиските правила и прописи, ниту црквата има значително влијание врз функционирањето на челните институции во државата.

Имено, тоа е геополитичкиот момент во кој Папата Лав IX и патријархот Михаил Килулариј, во тогашната форма на билатерална дипломатија се екскомуницираат. Втор истакнат турбулентен период е 1530 годинаВо кој анимозитетот меѓу католиците и реформистие ескалира  со вооружен судир во Германија и Франција. Моментот кога протестантите го одбиваат ултиматумот на императорот Карло V, за да во 1685 година целиот период на религиозни војни, ефектуира со Проглас за протерување на реформистите кои во XV в. на чело со Мартин Лутер ја делат западната црква на католици и протестанти.

Во Западна Европа, постојат повеќе варијанти кои содржат елементи блиски до католицизмот. Тие форми на конфесија се протестантски, методистички и деноминациски формации. Такви примери се: лутеранството, презвитерците (на Калвин и Цвингли), англиканците и методистите, баптистичката црква и амишите.

Во оваа пригода, значајно е да се нагласи дека клучните разлики меѓу нив и католизимот се кај светоназорот и светите обреди. На пример: протестантите ги отфрлаат концептот за исповед и чистилиште, уметничките елементи, а ги прифаќаат крштевањето и причеста.

Понатаму, во случајот со баптистичката црква, чинот на крштевање е резервиран исклучиво за возрасните, кои се слободни самите да искажат лична вера кон Христос. Но, и тука ритуалната вода на крштевањето симболизира прочистување и подготовка на христијанинот да го прими Светиот дух.

Во социолошките анализи, во прв случај, овие форми на конфесија се врзуваат за економски високо-развиените земји, кои се позиционирани меѓу стратешки моќни во современите меѓународни односи. Тоа значи дека, фокусот на литургиите е насочен на настаните во ден за ден животот на граѓаните кои припаѓаат на конфесијата. Односно, успешно овозможуваат психо-социјална поддршка во напорите за одржување на економска добросостојба на домаќинствата.

Второ, во социолошките истражувања за макроекономските анализи се потврдуваат сите посебни претпоставки дека во претежно христијанските земји, населението кое е во високите слоеви по социо–економски параметри, припаѓа во каоличка, односно протестантска конфесија.

Конечно, во социолошките истражувања спроведени во средно–развиените региони, анализите водат до констатацијата дека семејствата со католичка вероисповест се со поширок дијапазон на општи познавања од сферата на културата и уметноста, географијата и историјата, но и од класичните јазици, правните области и дипломатскиот протокол.

Со значајна забелешка, дека ваквите констатации не ги обезвреднуваат предностите на другите конфесии.

Во современ контекст, црквата е дефинирана како свет собор (concilium oecumenicum) и на теоретско ниво, рангирана е над папата, кој како римски бискуп се смета за врховен поглавар, што управува од позиција на Светата столица (во Ватикан).

Извор на религиската догма е светото писмо (codex iuris canonici), Библија (во латинска верзија Edizzio Vulgata објавена во 382 година. а до денес преведена на над 2000 живи јазици), Стар завет и Нов завет и книгата Делата на апостолите.

Истите посебно околу IX в. биле со дидактичка (воспитно-образовна) функција, а философските темели се во теснец со нео-платонизмот, аристотеловата схоластика, а од современите-хусерловата феноменологија и сарт`ровиот егзистенцијализам.

Обредното чествување на бога се спроведува во црква, базилика или капела, а е уредено пo начелото на сакраментална хиерархија, за водечките празници опфатени во грегоријанскиот календар (по Inter gravissimas од Гргур VIII). Конкретно, Божик, Богојавление, Велигден, Светото тројство, Духови, а маријански се Велика Марија и Бесгрешно зачнување. Во тој контекст, обредниот чин е раслоен на литургиско-сакраментален и етно-конфесионален.

Првиот е на чисто теолошки основи и го практикуваат упатените верници, а вториот е менуван и дополнуван низ традицијата својствена за широките народни маси, сè со цел различните слоеви и поткултури да се интегрираат во  социјалниот и конфесионален живот.

Оттука, кога ќе се погледнат философските правци и историската традиција, се констатира дека не случајно, етимолошките основи на латинскиот поим catholicus означуваат сèопштост. Тука се повлекува гранична линија, дека оваа конфесионална заедница како таква (сèопшта) не симболизира хаос, односно, целиот период својствена е специфична форма на уметност и книжевност, која како елитна форма е класификувана во готичкиот стил.

Од средовековниот период до денес католицизмот опфаќа седум сакраменти (проследени со осветените леб, вода и положување рака при благослов).

Прво, крштевањето. Обред кој ослободува од грев.

Второ, миропомазанието. Обред со кој се припрема смртното тело на болниот за заминување од профани свет.

Трето, кризмата. Се негува верувањето дека дава милост кон светиот дух и го потврдува чинот на крштевање.

Четврто, покајание. Обред со кој се ослободува од гревот.

Петто, причешња, corpus Christiae. Клучен култ, чија симболика е присуството на телото и крвта на Исус (тука свети симболи се лебот и црното вино).

Шесто, свештеничко ракоположение. Чин со кој се потврдува мисијата на свештениците.

Конечно, склопување брак, преку граѓанска и религиска церемонија, за свечено потврдување на легитимна врска меѓу еден маж и една жена.

Современите религиски системи имаат различна конфесионална симболика, но заеднички елемент се сличните вредносни ориентации. Во случајот со католицизмот, водечки вредности се: понизноста и кроткоста, одмереноста и великодушноста, трудбеничкиот етос и братската љубов (agapè).

Важно е верувањето својствено за христијаните дека Исус Христос е божји син, роден во Витлеем (4г. пр.н.е.). На триесеттата проповеда, но и исцелува болни. Неколку години подоцна осуден е и расонат на крст (што е главниот симбол), заради ерес (кон еврејската вера). Првата клучна точка е дека воскреснал, втората клучна точка е светото тројство (Отецот, Синот и Светиот дух).

Конечно, според воопштените статистички проекции, на светско ниво, конкретно во вкупната структура на христијанското население, неговите потконфесии се застапени делумно со римокатолици (1/2), потоа ¼ се протестанти, споредбено по 10.0% се православни, исто толкав е опфатот и на категоријата други (деноминации и култови).

Согласно социолингвистичката анализа за застапеност на примена на клучните термини, наодите упатуваат на теззата дека во профаниот свет хиерархијата на универзитетите ги содржи елементите на кои се основа хиерархиската позиционораност на католичката црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *