Почетна Вера Католичка црква Католичкиот свет го слави Велигден со празни цркви

Католичкиот свет го слави Велигден со празни цркви

63
0

Католиците за прв пат Велигден го празнуваат во карантин. Наместо во живо, верниците мисата ја следеа од дома пред малите екрани, со најтесниот круг од семејството. Бискупот Киро Стојанов, литургијата ја оддржа во пристуство на неколку свештеници. На верниците им ја упати следнава велигденска порака:

„Целосно се предаваме на Твојата света волја, Господи. Повеќе не викаме за помош, затоа што гледаме дека не можеме сами да сториме ништо. Ти мора да сториш се’! Исус рече дека не можеме да бидеме негови ученици ако не се откажеме од сè и не го земеме својот крст и не одиме по Него.“

Велигденски честитки пристигаа и од политичарите.

„Сега најмногу ни е потребна верба, храброст и доверба. А има ли поголема духовна поткрепа и надеж од Христовата победа над смртта, да истраеме и сплотени да излеземе како победници. Затоа светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата што ни претстојат. Нека е за многу години големиот празник!“,порача претседателот Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ  Зоран Заев на верниците им порача да останат дома, со цел побрзо да ја победиме пандемијата.

Во мое име и во име на СДСМ Ви го честитам големиот празник Велигден! Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје. Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме“ рече Заев.

Слична порака упати и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Заедно обединети и истрајни ќе победиме“ истакна Мицкоски.

И премиерот Оливер Спасовки им го честиташе празникот на католичките верници.

„Од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите, овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да ја победиме смртта и да преминеме во нова иднина“ порача Спасовски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на граѓаните им порача дека самосо трпение и храброст, ќе ја победиме пандемијата.

„ Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова. Важно е да имаме добри мисли, мисли на солидарност и разбирање кон нашите блиски и далечни семејства, кон нашите соседи, пријатели и соработници. Важно е да ги храбриме и да се молиме за добро здравје и сила на нашите здравствени работници кои се исправени пред овој голем предизвик на првата линија“ вака честиташе Џафери.

/Сител

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *