37
0
Верски календар: 05 Јануари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Герлах.
Бил роден околу 1120 година во Холандија, како син на богати родители. Ги сакал витешките игри и се оженил со некоја племкиња. Додека бил на еден турнир, му пристигнала вест дека жена му умрела. Оттогаш започнал да живее пустински живот. Многу грешници, кога гледале како Герлах го живее покајничкиот живот, се преобратувале и се покајувале. Животот на овој светец, покажува како Господовата милост знае да биде огромна, а стрпливоста бескрајна.