Почетна Празници Католички светец на денот
Католички светец на денот

Католички светец на денот

24
0

Верски календар:04 Октомври

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Фрањо Асишки.

sveti-franjo-aРоден е во почетокот на 1182 година во Асизи, во Италија во семејство на трговец, кој поради тоа што ја носел стоката од Франција на својот син му го дал името Франческо (на овие простори прифатено како Фрањо, кое значи “мал Французин”. Поради добрата имотна состојба во која се наоѓал бил наречен “крал на гозбите и забавите”. Еден ден кога влегол во една црква Христос од крстот му се обратил, кажувајќи му да оди и да ја поправи црквата која почнала да се урива. Всушност, припадниците на клерот биле многу богати и себични, додека сиромашните луѓе гладувале. Фрањо го соблекол своето одело и ставил на себе обична вреќа која ја врзал со јаже. Отишол кај папата во Рим и му го предал својот имот, како што правеле голем број бискупи и свештеници. Потоа, имотот им бил даден на сиромашните луѓе.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *