Верски календар: 24 мај
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Винко Маченик.
Тој живеел во Шпанија во четвртиот век. Како христијанин бил фатен и измачуван од пратеникот на Диоклецијан за Шпанија, Максимин Даја. Винко влијаел на стражарите со својата добрина, така што тие го пуштиле да избега од затворот. Даја веднаш испратил потера по нив, која го фатила Винко, заедно со неговите две сестри, Сабина и Кристета, по што тројцата биле ѕверски мачени.

