Почетна Вести Католички свештеник: Бог е жена
Католички свештеник: Бог е жена

Католички свештеник: Бог е жена

263
0

Католички свештеник од Масачусец, кој бил клинички мртов 48 минути пред да го реанимира екипа на Брза помош, тврди дека се сретнал со Бог.

Џон Онил е 71 годишен свештеник кој тврди дека за време на тие 48 минути отишол во рајот и таму се запознал со Бог, кого го опишува како „топла и утешителна мајчинска фигура“.

Онил бил итно пренесен во болница на 29 јануари минатата година, после тежок срцев удар, а веднаш потоа бил прогласен за клинички мртов.

Со помош на модерен уред наречен ЛУКАС-2, кој ја насочува крвта кон мозокот, лекарите од Општата болница во Масачусец успеале да ги деблокираат виталните артерии и да воспостават нормален ритам на отчукување на срцето. Иако лекарите стравувале дека долготрајната клиничка смрт ќе остави последици на неговиот мозок, сепак, Онил успешно се опоравувал.

Свештеникот тврди дека помни се што се случило додека бил клинички мртов. Опишал необично искуство и јако чувство на безусловна љубов и прифаќање кое го почувствувал додека го опкружувала светлина.

Тврди дека во тој момент отишол во рајот и таму се сретнал со Бог, кој го опишува како женско и мајчинско суштество на светлоста.

„Нејзината присутност била неверојатна и утешна. Имала мек и нежен глас, а нејзината присутност била охрабрувачка како мајчинска прегратка. Фактот дека Бог е Света мајка, наместо Свет татко воопшто не ми пречи, напротив таа е што сум се надевал дека ќе биде, дури и повеќе од тоа“, изјавил Онил за „Пулс“ и додал дека ќе го шири словото на Светата мајка.

„Сакам да продолжам да проповедам. Сакам да го делам своето ново сознание за Мајката, Синот и Светиот дух со сите католици и сите христијани. Бог е голем и семоќен токму поради тоа што е жена, вели свештеникот.

Римокатоличката надбискупија во Бостон, на која овој свештеник и припаѓа се оградила од оваа приказна. Нејзиниот претставник Теренс Донилон кажал дека Онил не е еден од нивните свештеници и смета дека неговата приказна не е вистинита, пишува британскиот „Метро“.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *