Почетна Вести Свет Католички бискуп злоставува над 60 момчиња, вистината откриена по 11 години од неговата смрт
Католички бискуп злоставува над 60 момчиња, вистината откриена по 11 години од неговата смрт

Католички бискуп злоставува над 60 момчиња, вистината откриена по 11 години од неговата смрт

227
0

Марсијал Мекиел, мексиканскиот основач на ултра конзервативниот католички ред, ,,Легија на Христос” , сексуално нападнал најмалку 60 малолетни лица, претежно момчиња помеѓу 11 и 16 годишна возраст и млади мажи.

Во 2006 година, папата Бенедикт Шеснаесетти му нареди на Макиел да се повлече од црквата и да живее во молитва и казна, а тој почина две години подоцна на 87-годишна возраст, без да се соочи со оние кои го обвинија за злосторството.

Внатрешниот извештај, објавен денеска  наведува 173 случаи на сексуална експлоатација на деца во последните осум децении, во кои се вклучени 33 свештеници.

„Од 33 свештеници, шестмина починаа и не се судени, еден е осуден, а друг, кој е лишен од свештеничкиот статус, во моментов е на судење“, се вели во извештајот. Не се наведува што се случило со другите 25 свештеници, но се наведува дека самите 14 свештеници биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на Легионерите и дека тие станале насилници.

Во извештајот не се содржани многу детали поврзани со овие случаи, но неколку мажи претходно потврдија дека биле сексуално малтретирани од Мекиел за време на нивниот престој во црквата од 1940-тите до 1960-тите години .

Пред неговата смрт, Мекиел жестоко ги негираше обвинувањата за кои е обвинет, тврдејќи дека тој никогаш не учествувал во овие гнасни практики.

/Канал5

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *