Почетна Вести Католичката црква задоволна од соработката со директорката на Комисијата за верски заедници
received_10211278995998125
received_10211278994798095
received_10211278994438086
received_10211278994238081

Католичката црква задоволна од соработката со директорката на Комисијата за верски заедници

260
0

Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов, во четвртокот на 2 март 2017 година во бискупската резиденција во Скопје, разговарал со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

Бискупот Стојанов на директорката Божиновска и ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“, која содржи настани од татковинската прослава. Бискупот, во име на Католичката црква се заблагодарил за помошта од Комисијата на чело со директорката, како и за добрата соработка при организацијата на татковинската прослава во чест на канонизацијата на Мајка Тереза. Во монографијата, што неодамна излезе од печат, се наведени сите настани.

Божиновска исто така го споделила задоволството и благодарноста за подарената монографија, истакнувајќи ја радоста за соработката и организаијцата на татковинската прослава во чест на канонизацијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *