Кардинал Маркс: Црквата мора да се дистанцира од политичката десница и да остане бранител на демократијата

Date:

Share post:

Германскиот кардинал Рајнхард Маркс предупредил дека Католичката црква не смее да дозволи да биде привлечена од современите политички идеологии, истакнувајќи дека особено мора јасно да се дистанцира од политичката десница. Изјавата е пренесена од британскиот весник The Tablet.

Архиепископот на Минхен и Фрајзинг нагласил дека политичките тензии кои се забележуваат во Соединетите Држави веќе се чувствуваат и во Германија. Според него, десничарските движења често се обидуваат да се поврзат со јазикот на Црквата, но нивната реторика секогаш носи поделби: „Она што доаѓа од крајната десница секогаш е сила што разделува.“

Кардинал Маркс предупредил дека во Црквата има луѓе кои „не се демократи“, што, како што рече, е сигнал на кој мора внимателно да се реагира. Тој потенцирал дека одбраната на демократските вредности не е важна само за институционалното постоење на Црквата, туку пред сѐ „заради луѓето“. „Нашите парохии, организации и христијански заедници треба да градат мостови, да внесуваат светлина и да бидат инструменти на мирот.“

Маркс одбил да ги нарече несогласувањата меѓу германските епископи „длабока поделба“, иако дел од нив не го поддржуваат создавањето синодално управно тело. Тој смета дека, доколку Рим даде зелено светло, епископите ќе постигнат заеднички став.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img