Почетна Вести Кардинал Ерде: Средбата Франциск и Кирил е важен чекор кон единство на Црквата
Кардинал Ерде: Средбата Франциск и Кирил е важен чекор кон единство на Црквата

Кардинал Ерде: Средбата Франциск и Кирил е важен чекор кон единство на Црквата

85
0

Средбата помеѓу Папата Франциск и Рускиот патријарх Кирил е значаен чекор за заедничкото сведочење на Христијанството. Истовремено тоа е радосен знак за дијалогот меѓу двете цркви.

Ова како порака до Рускиот патријарх, го напишал претседателот на Советот на европската бискупска конференција, Кардиналот Петер Ерде. Таа историска средба, напишал Кардиналот Ерде, ќе биде радосен знак за долгогодишниот дијалог помеѓу Светата Столица и Патријаршијата на Руската православна црква.

-Заедно со митрополитот Иларион, шеф на одделот за надворешни односи на РПЦ, многу соработувавме во создавањето и организацијата на католичко-православниот форум, црковно тело кое има за цел пронаоѓање подобра пасторална соработка помеѓу католичката црква и Православната црква во Европа, а веќе се почнати и припремите за петтиот форум.

Црквата во Европа, се радува на средбата во Куба и ја доживува како чекор кон заедничко сведочење на христијанството. И ние за тоа ќе се молиме, изјавил Унгарскиот кардинал.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *